Context of Боливија

За останати значења на зборот „Боливија“, видете ја страницата за појаснување.

Боливија (шпански: Bolivia, кечуански: Buliwya, ајмарски: Wuliwya, гварански: Volívia), или официјално Повеќенационална Држава Боливија (Estado Plurinacional de Bolivia) — независна држава во Јужна Америка. Боливија се граничи со Бразил на север и исток, со Парагвај и Аргентина на југ, со Чиле на југозапад и со Перу на запад. Главен град на државата според уставот е Сукре, а седиште на владата е Ла Пас. Државата има 37 службени јазици, а најзборувани се шпанскиот, кечуанскиот, ајмарскиот и гваранскиот јазик. Боливија има население од околу 10 милиони жители. Над 50% од населението се јужноамерикански староседелци, меѓу кои најголеми се Кечуаните, Ајмарите и Гвараните.

Пред европската колонизација на Америка, андск...Read more

Пред европската колонизација на Америка, андскиот регион на Боливија бил дел од познатата Империја на Инките — најголема држава во претколумбовскиот период. Шпанската империја го освоила регионот во 16 век. За време на шпанскиот колонијален период, територијата на Боливија се нарекувала Горно Перу и била дел од Вицекралството Перу. По објавувањето на независноста во 1809 година, следувала војна која траела 16 години. По крајот на војната била основана новата република на 6 август 1825, а името го добила во чест на јужноамериканскиот револуционер Симон Боливар. Во својата историја како независна држава, Боливија се соочила со голем број политички немири, диктаторски општествени уредувања и економски проблеми.

Боливија е демократска претседателска република. Административно, државата е поделена на девет департмани. Релјефот на државата е разновиден, па така во западните предели се наоѓаат високите Анди, а во источниот дел на земјата се наоѓаат низините на Амазонија и Гран Чако. Државата е означена како „држава во развој“, со среден Индекс на човеков развој и ниво на сиромаштија од 53%. Главни стопански гранки во државата се земјоделството, шумарството, риболовството, рударството и производството на текстил, облека, обработени материјали и рафинирана нафта. Држава е богата со природни ресурси, особено со калај и литиум.

More about Боливија

Basic information
Population, Area & Driving side
  • Population 12244159
  • Area 1098581
  • Driving side right

Phrasebook

Две
Dos
Три
Tres
Четири
cuatro
Петка
Cinco
Шест
Seis
Седум
Siete
Осум
Ocho
Девет
Nueve
Десет
Diez
Отвори
Abierto
Вода
Agua
Храна
Alimento

Where can you sleep near Боливија ?

Booking.com
8.847.635 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 3.121 visits today.