Делта на Дунав (романски: Delta Dunării, украински: Дельта Дунаю) – втора најголема речна делта во Европа, веднаш после делтата на Волга. На околу 70 км од своето устие Дунав се дели на два крака – Килија и Тулча. Тулча од своја страна се дели на ракавците Св. Ѓорѓи, кој во Дунав се влева со двоструко устие, и Сулина која е најпогодна за пловидба. Тоа се главните притоки на делтата на Дунав, втората најголема река во Европа. Дунав поврзан со пристаништето Констанца е важен пловен пат за Романија и сите останати земји низ кои тој тече како и за пловниот пат Рајна-Мајна- Дунав.

Самата делта има површина од 4 170 км2, од кои 3 465 км2 ѝ припаѓаат на Романија, а останатите на Украина. Солените езера често се приклучуваат на ова подрачје, и со нив вкупната површина изнесува 4 400 км2. Околу 2 000 км2 од делтата се под нивото на морето, така што заедно со малата густина ...Read more

Делта на Дунав (романски: Delta Dunării, украински: Дельта Дунаю) – втора најголема речна делта во Европа, веднаш после делтата на Волга. На околу 70 км од своето устие Дунав се дели на два крака – Килија и Тулча. Тулча од своја страна се дели на ракавците Св. Ѓорѓи, кој во Дунав се влева со двоструко устие, и Сулина која е најпогодна за пловидба. Тоа се главните притоки на делтата на Дунав, втората најголема река во Европа. Дунав поврзан со пристаништето Констанца е важен пловен пат за Романија и сите останати земји низ кои тој тече како и за пловниот пат Рајна-Мајна- Дунав.

Самата делта има површина од 4 170 км2, од кои 3 465 км2 ѝ припаѓаат на Романија, а останатите на Украина. Солените езера често се приклучуваат на ова подрачје, и со нив вкупната површина изнесува 4 400 км2. Околу 2 000 км2 од делтата се под нивото на морето, така што заедно со малата густина на населеност овој факт му придодава на изгледот на делтата и на нејзината зачуваност.

Оваа делта е право царство на реки, рекички, бари, мочуришта, езера, лагуни, заливи и сл.

Флората и фауната се богати, а најзабележлива е барската трска. Ова подрачје е заштитено и е дом на многубројни видови птици. Во делтата се наоѓаат преку 40 разни видови риби, па 50% од риболовот се остварува во подрачјето на делтата. Во пејзажот забележителни се и бројните ветерници. Одгледувањето на трска е многу битно од економска гледна точка. Во седумдесеттите години на 20 век производството било околу 330 000 тони годишно. Во делтата живеат само околу дваесетина илјади жители, па нема поголеми урбани населби.

Photographies by:
No machine-readable author provided. Kafka~commonswiki assumed (based on copyright claims). - Public domain
Spiridon MANOLIU - Public domain
No machine-readable author provided. Kafka~commonswiki assumed (based on copyright claims). - Public domain
Raff - CC BY 2.0
Spiridon Ion Cepleanu - CC BY-SA 4.0
RudolfSimon - CC BY-SA 3.0
Statistics: Position
1916
Statistics: Rank
141470

Add new comment

CAPTCHA
Security
846132957Click/tap this sequence: 7952
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Videos

Where can you sleep near Делта на Дунав ?

Booking.com
8.941.556 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 1.464 visits today.