Џамијата Гази Хусрев Бег (турски: Gazi Hüsrev Bey Camii) е џамија која се наоѓа во Сараево, Босна и Херцеговина. Овој објект бил изграден во 1530 година, а нејзин архитект е Акем Есир Али кој исто така ја изградил џамијата Јавуз Селим во Истанбул. Нејзиното купе е високо 26 метри, а нејзиното минаре 47 метри.
Во 1898 година, за време на Австроунгарската империја, Беговата џамија, како скратено ја нарекуваат сараевчани, е прва џамија во светот во која се изработени електрични инсталации како и внатрешно електрично осветлување.
Сместена во срцето на Баш Чаршијата, Беговата џамија е мета на многубројните туристи од цел свет.
Add new comment