Далол (вулкан)

'Далол — вулкан со згуреста купа кој се наоѓа во пустата котлина Данакил на регионот Афар, Етиопија. Оваа геолошка месност се наоѓа на околу 15 километри од границата со Еритреја, на северниот крај на соленото езеро Карум, чија сол сè уште се експлоатира од страна на Афарите.

Далол произлегол од експлозија на големата магматска комора во Големата Раседна Долина над огромна солена област западно од Црвено Море. Денес се наоѓа на 136,8 метри под нивото од морето. Температурата редовно достигнува 45 степени во сенка.

Оваа огромна напуштена област е позната по своите геолошки формации: топли извори на киселина, сулфур, сол, гас, магнезиум итн.

Далол има топли пустински климатски услови, типичнa за Данакил. Далол е најжешкото место во текот на годината на планетата и во моментов го држи рекордот на висока просечна температура за населено место на Земјата, каде што била забележана просечна температура од 34,6° C помеѓу годините 1960 и 1966 година. Просечната го...Read more

'Далол — вулкан со згуреста купа кој се наоѓа во пустата котлина Данакил на регионот Афар, Етиопија. Оваа геолошка месност се наоѓа на околу 15 километри од границата со Еритреја, на северниот крај на соленото езеро Карум, чија сол сè уште се експлоатира од страна на Афарите.

Далол произлегол од експлозија на големата магматска комора во Големата Раседна Долина над огромна солена област западно од Црвено Море. Денес се наоѓа на 136,8 метри под нивото од морето. Температурата редовно достигнува 45 степени во сенка.

Оваа огромна напуштена област е позната по своите геолошки формации: топли извори на киселина, сулфур, сол, гас, магнезиум итн.

Далол има топли пустински климатски услови, типичнa за Данакил. Далол е најжешкото место во текот на годината на планетата и во моментов го држи рекордот на висока просечна температура за населено место на Земјата, каде што била забележана просечна температура од 34,6° C помеѓу годините 1960 и 1966 година. Просечната годишна максимална температура е 41° C , а најтоплиот месец има просечна максимална температура од 46,7° C . Освен што е екстремно жешко во текот на целата година, има само неколку рекордни денови на врнежи. Топлата клима на пустината Далол е особена поради близината на екваторот и Црвено Море.

Photographies by:
Statistics: Position
4235
Statistics: Rank
79638

Add new comment

CAPTCHA
Security
358247961Click/tap this sequence: 6374
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Далол (вулкан) ?

Booking.com

What can you do near Далол (вулкан) ?

8.729.132 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 2.025 visits today.