Reserva de la Biosfera de la Mariposa Monarca

( Биосферен резерват на пеперугата монарх )

Биосферен резерват на пеперугата монарх (шпански: Reserva de Biosfera de la Mariposa Monarca) е светско наследство кое ги содржи повеќето од местата за презимување на источните пеперуги монарх. Резерватот се наоѓа во трансмексиканскиот вулкански појас со борова и дабова шума, на границата на Мичоакан и државата Мексико, 100 км северозападно од Мексико Сити. Годишно, во резерватото пристигнуваат милиони пеперуги. Пеперугите живеат само од октомври до март во дел од резерватот со површина од 56.000 хектари. Мисија на биосферата е да ги заштити видовите пеперуги и нивното живеалиште.

Повеќето од пеперугите монарх кои се селат на презимување, од источниот дел на Северна Америка се наоѓаат тука. Западните истражувачи ги откриле овие области во 1975 година. Декретите на претседателот од 1980-ти години и од 2000 година, ги назначиле овие тогаш сè уште приватни области како федерален резерват. Резерватот бил прогласен за резерват на биосферата во ...Read more

Биосферен резерват на пеперугата монарх (шпански: Reserva de Biosfera de la Mariposa Monarca) е светско наследство кое ги содржи повеќето од местата за презимување на источните пеперуги монарх. Резерватот се наоѓа во трансмексиканскиот вулкански појас со борова и дабова шума, на границата на Мичоакан и државата Мексико, 100 км северозападно од Мексико Сити. Годишно, во резерватото пристигнуваат милиони пеперуги. Пеперугите живеат само од октомври до март во дел од резерватот со површина од 56.000 хектари. Мисија на биосферата е да ги заштити видовите пеперуги и нивното живеалиште.

Повеќето од пеперугите монарх кои се селат на презимување, од источниот дел на Северна Америка се наоѓаат тука. Западните истражувачи ги откриле овие области во 1975 година. Декретите на претседателот од 1980-ти години и од 2000 година, ги назначиле овие тогаш сè уште приватни области како федерален резерват. Резерватот бил прогласен за резерват на биосферата во 1980 година, а за светско наследство во 2008 година. Резерватот останува претежно рурален. Администраторите на резерватот продолжуваат да бидат загрижени за штетните ефекти на нелегалната сеча и туризмот. Напорите за зачувување понекогаш се косат со интересите на локалните земјоделци, земјопоседници, сопственици на приватни земјишта и домородните луѓе.

Photographies by:
Scott Clark from Lexington KY, USA - CC BY 2.0
Statistics: Position
3181
Statistics: Rank
99037

Add new comment

CAPTCHA
Security
412937865Click/tap this sequence: 9928
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Биосферен резерват на пеперугата монарх ?

Booking.com
8.844.434 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 1.688 visits today.