Auschwitz-Birkenau

( Аушвиц )

Аушвиц-Биркенау или само Аушвиц (герм. Auschwitz, пол. Oświęcim) — најголемиот комплекс на концентрациони логори на Нацистичка Германија во текот на Втората светска војна сместен во близина на Ошвјенќим (германски: Аушвиц) во Полска, околу 50 км западно од Краков. По германската окупација на Полска во 1939, Ошвјечим бил дел од полската територија анектирана кон Германија. Нацистите го раселиле целокупното население во околината на местото, за да обезбедат тајност на операцијата. Во целиот реон постоеле околу 40 придружни логори, со различен број на затвореници, од неколку десетици до неколку илјади.

Командантот на логорот, Рудолф Хес, сведочел на Нирнбершкиот процес дека три милиони луѓе умреле во логорите во времето кога тој бил командант (4 мај 1940 до ноември 1943). Подоцна ја намалил оваа проценка на околу 1,1 милион, и оваа проценка денес е општо прифатена.. Од нив околу 90% биле Евреи од речиси сите земји во Европа. Покрај тоа, биле убиени гол...Read more

Аушвиц-Биркенау или само Аушвиц (герм. Auschwitz, пол. Oświęcim) — најголемиот комплекс на концентрациони логори на Нацистичка Германија во текот на Втората светска војна сместен во близина на Ошвјенќим (германски: Аушвиц) во Полска, околу 50 км западно од Краков. По германската окупација на Полска во 1939, Ошвјечим бил дел од полската територија анектирана кон Германија. Нацистите го раселиле целокупното население во околината на местото, за да обезбедат тајност на операцијата. Во целиот реон постоеле околу 40 придружни логори, со различен број на затвореници, од неколку десетици до неколку илјади.

Командантот на логорот, Рудолф Хес, сведочел на Нирнбершкиот процес дека три милиони луѓе умреле во логорите во времето кога тој бил командант (4 мај 1940 до ноември 1943). Подоцна ја намалил оваа проценка на околу 1,1 милион, и оваа проценка денес е општо прифатена.. Од нив околу 90% биле Евреи од речиси сите земји во Европа. Покрај тоа, биле убиени голем број Роми, политички неистомисленици и руски воени заробеници. Најголем дел од депортираните биле убивани во логорот Биркенау (познат и како Аушвиц II) со употреба на гасот Циклон-Б, но голем број починале и поради глад, присилна работа, болести и медицински експерименти. Телата на умрените биле кремирани, најпрво во крематориуми, а подоцна и во отворени јами.

Помеѓу 18 и 27 јануари 1945, поради наближувањето на советските трупи, Ес Ес евакуирал околу 60.000 затвореници од Аушвиц во други концентрациони логори. Црвената армија го ослободила логорот на 27 јануари 1945 г, и затекнале околу 7.000 затвореници.

Photographies by:
Statistics: Position
741
Statistics: Rank
270565

Add new comment

CAPTCHA
Security
341687952Click/tap this sequence: 2717
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Аушвиц ?

Booking.com
8.715.617 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 1.755 visits today.