Kraków
( Краков )Краков (полски: Kraków, Кракув) — град во јужна Полска, над Висла. По Варшава и Лоѓ трет по големина во Полска според бројот на жители; по Варшава втор по големина според територија; Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Во минатото Краков беше административен центар на Полска и седиште на полските владетели. Краков е главен град на Малополското Војводство и историската Малополска.
Градот се наоѓа на спојот на неколку географски територии: Брама Краковска, Сандомиерска котлина, Ошвенчимска котлина и Погуже Западнобескиѕке. Издолжена оска на градот е долината на Висла. Речната мрежа ја сочинуваат Висла, нејзината десна притока Вилга и левите притоки: Рудава, Бјалуха, Длубина, Санка и други.
Денес Краков е општински град и седиште на властите на Малополското Војводство. Во Kраков се наоѓаат седиштата на институциите како: „Полска Академија на ...Read more
Краков (полски: Kraków, Кракув) — град во јужна Полска, над Висла. По Варшава и Лоѓ трет по големина во Полска според бројот на жители; по Варшава втор по големина според територија; Краков е еден од најстарите градови во Полска, со над илјадагодишна историја, со големо културно и архитектонско значење. Во минатото Краков беше административен центар на Полска и седиште на полските владетели. Краков е главен град на Малополското Војводство и историската Малополска.
Градот се наоѓа на спојот на неколку географски територии: Брама Краковска, Сандомиерска котлина, Ошвенчимска котлина и Погуже Западнобескиѕке. Издолжена оска на градот е долината на Висла. Речната мрежа ја сочинуваат Висла, нејзината десна притока Вилга и левите притоки: Рудава, Бјалуха, Длубина, Санка и други.
Денес Краков е општински град и седиште на властите на Малополското Војводство. Во Kраков се наоѓаат седиштата на институциите како: „Полска Академија на Уметностите“, „Стариот народен театар“, „Народен Музеј“, „Јагелонска библиотека“ и др. Градот има многу важна административна, културна, образовна, топанствена и туристичка функција. Тој е клучна патна и железничка крстосница. Во близина на Краков се наоѓа втор по големина аеродром (Балице) во Полска со меѓународно значење до кој од градот може да се стигне со помош на железница.
Add new comment