Vlkolínec

( Влколинец )

Влколинец ― село под управа на општината (и гратче) Ружомберок во Словачка. Историски гледано, тоа било засебно село. Првото писмено споменување на селото било од 1376 година и по 1882 година кога станало дел од Ружомберок. Неговото име најверојатно потекнува од словачкиот збор „влк“, односно волк.

Влколинец било ставено на списокот на Светско наследство на УНЕСКО од 1993 година и е едно од десетте словачки села на кои им е даден статус на резервации за народна архитектура. Овој статус бил даден затоа што селото е недопрено и сложен пример за народна селска архитектура во регионот на Северните Карпати.

Влколинец, сместено во средината на Словачка, е неверојатно недопрена населба со традиционалните одлики на средноевропско село. Тоа е најцелосната група во регионот на вакви традиционални куќички од трупци, кои често се наоѓаат во планинските области. Селото се состои од повеќе од 45 куќички од трупци, секоја од нив е составена од две или три соби. Зачувана е и др...Read more

Влколинец ― село под управа на општината (и гратче) Ружомберок во Словачка. Историски гледано, тоа било засебно село. Првото писмено споменување на селото било од 1376 година и по 1882 година кога станало дел од Ружомберок. Неговото име најверојатно потекнува од словачкиот збор „влк“, односно волк.

Влколинец било ставено на списокот на Светско наследство на УНЕСКО од 1993 година и е едно од десетте словачки села на кои им е даден статус на резервации за народна архитектура. Овој статус бил даден затоа што селото е недопрено и сложен пример за народна селска архитектура во регионот на Северните Карпати.

Влколинец, сместено во средината на Словачка, е неверојатно недопрена населба со традиционалните одлики на средноевропско село. Тоа е најцелосната група во регионот на вакви традиционални куќички од трупци, кои често се наоѓаат во планинските области. Селото се состои од повеќе од 45 куќички од трупци, секоја од нив е составена од две или три соби. Зачувана е и дрвена камбанарија од 18 век, како и барокната капела. Куќите број 16 и 17 биле претворени во фолкролен музеј со сите алати на секојдневниот живот и работа.

Photographies by:
Ing.Mgr.Jozef Kotulič - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
4307
Statistics: Rank
76798

Add new comment

CAPTCHA
Security
157683942Click/tap this sequence: 7831
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Влколинец ?

Booking.com
9.002.777 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 116 visits today.