مصر القديمة ( Стар Египет )

Древен Египет или Стар Египет — стара цивилизација во источниот дел на Северна Африка, сконцентрирана во долниот тек на реката Нил, каде денес се наоѓа современата држава Египет. Оваа цивилизација претставува дел од еден збир на цивилизации, цивилизациите од Долината по течението на Нил, од која се дел региони од јужен Египет (во денешен Судан, Еритреја, Сомалија и Етиопија). Египетските цивилизации се обединиле околу 3150 година п.н.е. со политичката унификација на Горен и Долен Египет кои биле под власт на првиот фараон и продолжиле да се развиваат наредните три миленими.

Кралствата во нивната историја биле стабилни, но се распаѓале во периоди на нестабилност кои се познати како Преодени периоди. Стар Египет го достигнал врвот на својот развој во времето на Новото Кралство, по кое настапил период на бавно назадување. На крајот на овој период Египет бил освоен од сили кои не биле од Африканскиот Континент. Владеењето на фараонот официјално завршило во 31 година п.н.е. кога Египет потпаднал под римска власт и станал римска провинција.

Успехот на страта египетска цивилизација делумно произлегол и од нивната способност да се приспособат кон условите во Долината по течението на Нил. Предвидливите поплави и контролираното наводнување на плодната долина придонело кон произведување на вишок култури, кои ги разгореле општествениот развој и културата. Со вишок ресурси, власта го поттикнала искористувањето на минералните суровини од долината и околните пустини. Развивањето на независен збучен систем, организирањето на колективно градење и земјоделски проекти, трговијата со околните региони и воената опрема наменета за поразување на надворешните непријатели ја осигурале египетската доминација. Поттикнувањето и организирањето на овие активности било изведено од страна на бирократијата сочинета од првокласни писари, верски водачи и службеници кои биле под контрола на фараонот кој обезбедувал соработка и единство на египетскиот народ во смисла на религиозните верувања.

Read more

Помеѓу многуте достигнувања на старите Египќани биле и техниките за експлоатација на каменоломите, надзорните и градежните техники кои ја олеснувале изградбата на величенствените пирамиди, храмови и обелисци. Египќаните исто така развиле и математички систем, практичен и ефективен медицински систем, систем за наводнување и техники за земјоделско производство, тие ги направиле и бродовите за кои се смета дека се први, имале технологија за производство на стакло, создале нови литературни форми и го направиле првиот мировен договор за кој се знае. Египет зад себе оставил долготрајно наследство кој е од големо значење и за Египет и за светот. Египетските архитектура и уметност се широко имитирани, а египетските антиквитети се носени во многу далчни делови од светот. Рушевините од спомениците со векови ги поттикнувале фантазиите на патувачите и писателите. Новопронајдените антиквитети и ископувања во модерното време доведоа до научни истражувања на египетската цивилизација и поголема почит кон културното наследство во Египет и во светот.

До доцниот палеолитски период, и онака сувата клима во Северна Африка станала дополнително сува и топла со што населението од оваа област било приморано да се сконцентрира во Долината по течението на Нил и бидејќи номадските ловџиски племиња почнале да живеат во тој регион на крајот на Средниот Плеистценот пред околу 120 илјади години, Нил станал изворот на живот на Египет.Полноводноста на Нил им дала можност на луѓето да развијат постојано земјоделско стопанство и уште пософистицирано централизирано општество кое стана темел во историјата на човековата цивилизација.

Destinations