Rumeli Hisarı
( Румелихисар )Румелихисар (Римска тврдина или Румелиска тврдина) е тврдина која се наоѓа во Саријер, област на Истанбул, Турција, на еден рид на европската страна на Босфорот. Таа го дава името на населбата околу неа. Румелихисар е изграден од страна на османлискиот султан Мехмед II, помеѓу 1451 и 1452 година, пред тој да го покори Цариград. Трите големи кули биле именувани по трите везири на султанот, Халил-паша, кој во голема кула изградена веднаш до портата, Заган-паша, кој ја изградил кулата на југ, и Сарика-паша, кој ја изградил кулата на север.
Add new comment