Луксор (/ˈlʌksɔr,_ˈlʊkʔ/; арапски: الأقصر l-aqṣur, Предлошка:IPA-arz, горноарапски изговор:...Read more
Луксор (/ˈlʌksɔr,_ˈlʊkʔ/; арапски: الأقصر l-aqṣur, Предлошка:IPA-arz, горноарапски изговор: [ˈloɡsˤor]; сахидски коптски: ⲡⲁⲡⲉ Pape, Предлошка:IPA-cop) ― град во Горен (јужен) Египет и е главен град на Областа Луксор. Населението брои 127,994 жители (проценка од 2020 година), со приближна површина од 417 км2. Тој е меѓу најстарите населени градови во светот.
Современиот град го вклучува местото на староегипетскиот град Васет/Уасет, исто така познат како Нут (коптски: ⲛⲏ) а на Грците како Теба или Диосполис. Луксор често се карактеризира како „најголем музеј на отворено во светот“, бидејќи урнатините на комплексите храм во Карнак и Луксор стојат во современиот град. Веднаш спроти, преку реката Нил лежат спомениците, храмовите и гробниците на Некрополата на западниот брег, кој ги вклучува Долината на кралевите и Долината на кралиците.
Илјадници туристи од целиот свет пристигнуваат годишно за да ги посетат овие споменици, што придонесува многу за економијата на современиот град.
Add new comment