وادي الملوك

( Долина на кралевите )

Долина на кралевите (арапски: وادي الملوك Wadi Biban el-Muluk; „Капија на кралот“) — долина во Египет каде во период од речиси 500 години (од XVI век пр. н. е. до XI век пр. н. е. се закопувани кралевите и други благородници на Стар Египет (од Осумнаесетта до Дваесетта династија). Долината се наоѓа на западниот брег на Нил, наспроти Теба (денешен Луксор).

Со последните откриени гробови од 2005 и 2008 година, долината има 62 гроба и комори. Кралските гробови се украсени со сцени од египетската митологија. Сите гробови се најверојатно отворени и покрадени во минатото, но сè уште ја прикажуваат сликата на моќта и богатството на владетелите од тоа време.

Долината на кралевите е во центарот на интерес на бројни археолози и египтолози уште од крајот на 18 век, а гробовите и погребните обичаи од тоа време сè уште се интересни за истражување. Долината е посебно популарна поради откритието на гробот „KV62“ на Тутанкамон (заедно со приказните ...Read more

Долина на кралевите (арапски: وادي الملوك Wadi Biban el-Muluk; „Капија на кралот“) — долина во Египет каде во период од речиси 500 години (од XVI век пр. н. е. до XI век пр. н. е. се закопувани кралевите и други благородници на Стар Египет (од Осумнаесетта до Дваесетта династија). Долината се наоѓа на западниот брег на Нил, наспроти Теба (денешен Луксор).

Со последните откриени гробови од 2005 и 2008 година, долината има 62 гроба и комори. Кралските гробови се украсени со сцени од египетската митологија. Сите гробови се најверојатно отворени и покрадени во минатото, но сè уште ја прикажуваат сликата на моќта и богатството на владетелите од тоа време.

Долината на кралевите е во центарот на интерес на бројни археолози и египтолози уште од крајот на 18 век, а гробовите и погребните обичаи од тоа време сè уште се интересни за истражување. Долината е посебно популарна поради откритието на гробот „KV62“ на Тутанкамон (заедно со приказните за „проклетството на фараоните“).

Photographies by:
Tim Adams - CC BY 3.0
Alx R - CC BY 3.0
Tim Adams - CC BY 3.0
Statistics: Position
9
Statistics: Rank
4313121

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
584237619Click/tap this sequence: 9957

Google street view

Where can you sleep near Долина на кралевите ?

Booking.com
489.156 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 62 visits today.