Национален парк Серенгети

Серенгети — национален парк кој се наоѓа во истоимената област во Танзанија, Источна Африка. На јазикот на Масаите, Серенгети значи „бескрајна рамница“. Регионот на Серенгети го вклучува Националниот парк Нгоронгоро, Масва, Лолиондо, Грумети и Икоронго контролиранара земја, како и Масаи Мара, националниот парк во Кенија. Преку 90,000 туристи годишно го посетуваат паркот.

Серенгети бил основан во 1940 година. Зафаќа површина од 14.763 км2. Во 1959 година од Серенгети бил одвоен резерватот Нгоронгоро. Еко-системот на Серенгети е еден од најстарите на планетата. Посебните карактеристики на климата, растителноста и животинскиот свет многу малку се промениле во последните милиони години.

Миграцијата е таа по која Серенгети е можеби најпозната. Повеќе од 1,5 милиони гну и 250,000 зебри мигрираат секоја година, односно се движат јужно од северните брда во јужните полиња за време на краткотрајните дождови секој октомври и ноември, и потоа вртат кон запад и се...Read more

Серенгети — национален парк кој се наоѓа во истоимената област во Танзанија, Источна Африка. На јазикот на Масаите, Серенгети значи „бескрајна рамница“. Регионот на Серенгети го вклучува Националниот парк Нгоронгоро, Масва, Лолиондо, Грумети и Икоронго контролиранара земја, како и Масаи Мара, националниот парк во Кенија. Преку 90,000 туристи годишно го посетуваат паркот.

Серенгети бил основан во 1940 година. Зафаќа површина од 14.763 км2. Во 1959 година од Серенгети бил одвоен резерватот Нгоронгоро. Еко-системот на Серенгети е еден од најстарите на планетата. Посебните карактеристики на климата, растителноста и животинскиот свет многу малку се промениле во последните милиони години.

Миграцијата е таа по која Серенгети е можеби најпозната. Повеќе од 1,5 милиони гну и 250,000 зебри мигрираат секоја година, односно се движат јужно од северните брда во јужните полиња за време на краткотрајните дождови секој октомври и ноември, и потоа вртат кон запад и север после долгите дождови во април, мај и јуни.

Во овој национален парк живеат лавови, леопарди, слонови, носорози, биволи, хиени, гепарди, зебри, грабливи птици итн.

Серенгети е вклучен во списокот на светско наследство на УНЕСКО.

Photographies by:
Statistics: Position
391
Statistics: Rank
379812

Add new comment

CAPTCHA
Security
356928174Click/tap this sequence: 3688
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Национален парк Серенгети ?

Booking.com

What can you do near Национален парк Серенгети ?

8.843.103 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 4.559 visits today.