Минаре Џем — светско наследство на УНЕСКО во западен Авганистан. Се наоѓа во далечен и речиси недостапен регион на округот Шарак,во провинцијата Гор, веднаш до реката Хари. 65 метарското или 62 метарското високо минаре било изградено околу 1190 година целосно од печени тули и е познато по својата сложена декорација од тули, штуко и глазирани плочки и се состои од наизменични ленти од калиграфија со куфич и наски, геометриски облици и стихови од Куранот.. Во 2002 година, минарето било ставено на списокот на светско наследство во опасност, под сериозна закана од ерозија и не било активно зачувано. Во 2014 година, Би-Би-Си објави дека кулата е во непосредна опасност од уривање.
Во 2020 година, минарето Џем било наведено во листата на културно наследство на исламскиот свет од страна на Исламската светска организација за образование, наука и култура (ICESCO). Според авганистанското Министерство за надворешни работи (МНР), минарето Џем е првото културно наследство во Авгани...Read more
Минаре Џем — светско наследство на УНЕСКО во западен Авганистан. Се наоѓа во далечен и речиси недостапен регион на округот Шарак,во провинцијата Гор, веднаш до реката Хари. 65 метарското или 62 метарското високо минаре било изградено околу 1190 година целосно од печени тули и е познато по својата сложена декорација од тули, штуко и глазирани плочки и се состои од наизменични ленти од калиграфија со куфич и наски, геометриски облици и стихови од Куранот.. Во 2002 година, минарето било ставено на списокот на светско наследство во опасност, под сериозна закана од ерозија и не било активно зачувано. Во 2014 година, Би-Би-Си објави дека кулата е во непосредна опасност од уривање.
Во 2020 година, минарето Џем било наведено во листата на културно наследство на исламскиот свет од страна на Исламската светска организација за образование, наука и култура (ICESCO). Според авганистанското Министерство за надворешни работи (МНР), минарето Џем е првото културно наследство во Авганистан што е ставено на списокот на ИЦЕСКО.
Add new comment