Μυκήνες

( Микена )

Микена (на старогрчки: Μυκῆναι, грчки: Μυκήνες) е археолошко наоѓалиште во Грција кое се наоѓа околу 90 km југозападно од Атина, во североисточниот дел на Пелопонез. Хомер ја нарекувал „обилна со злато“.

Во вториот милениум п.н.е., Микена била еден од најважните центри на грчката цивилизација и воено утврдување кое доминирало на голем дел од јужна Грција. Периодот на грчката историја од 1600 п.н.е. до околу 1100 п.н.е. се нарекува микенски период.

Иако тврдината ја создале Грците, се смета дека името не е грчко, а веројатно предгрчко и наследено од претходните жители. Предгрчкиот јазик останал непознат, а нема силни докази дека припаѓал на индоевропските јазици.

Се верува дека акрополот или "високиот град" на Микена е утврден во раниот XV век п.н.е. на основата на еден пронајден гроб од тој период. Околу 1350 п.н.е., акрополот и околните ридови одново се соѕидани во "киклопски стил", бидејќи блоковите од карпи биле толку големи што во подоцнежните векови ...Read more

Микена (на старогрчки: Μυκῆναι, грчки: Μυκήνες) е археолошко наоѓалиште во Грција кое се наоѓа околу 90 km југозападно од Атина, во североисточниот дел на Пелопонез. Хомер ја нарекувал „обилна со злато“.

Во вториот милениум п.н.е., Микена била еден од најважните центри на грчката цивилизација и воено утврдување кое доминирало на голем дел од јужна Грција. Периодот на грчката историја од 1600 п.н.е. до околу 1100 п.н.е. се нарекува микенски период.

Иако тврдината ја создале Грците, се смета дека името не е грчко, а веројатно предгрчко и наследено од претходните жители. Предгрчкиот јазик останал непознат, а нема силни докази дека припаѓал на индоевропските јазици.

Се верува дека акрополот или "високиот град" на Микена е утврден во раниот XV век п.н.е. на основата на еден пронајден гроб од тој период. Околу 1350 п.н.е., акрополот и околните ридови одново се соѕидани во "киклопски стил", бидејќи блоковите од карпи биле толку големи што во подоцнежните векови се верувало дека ги граделе еднооки суштества познати како киклопи. Во внатрешноста на ѕидините се изградени монументални палати.

Photographies by:
Mara 1 from Scotland - CC BY 2.0
Statistics: Position
1056
Statistics: Rank
197952

Add new comment

CAPTCHA
Security
469528317Click/tap this sequence: 8138
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Микена ?

Booking.com
8.719.491 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 5.629 visits today.