Māori language ( Маорски јазик )
Маорскиот (te reo Māori) е полинезиски јазик и мајчин јазик на староседелското население на Нов Зеланд - Маорите. Јазикот е еден од трите официјални јазика во државата, прогласен како таков во 1987 година. Маорскиот е дел од групата на источнополинезиски јазици и е сроден со куковоостровскиот маорски, туамотскиот и тахитскиот јазик. Според истражувањето од 2001 година, бројот на возрасни луѓето кои течно го зборуваат јазикот се движи на околу 9% од вкупното маорско население, илиу 29.000 возрасни лица.