Мадеира

Мадеира (португалски: Madeira) или официјално Автономен Регион Мадеира (Região Autónoma da Madeira) е португалски архипелаг во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа на помалку од 400 километри северно од Тенерифе, Канарски Острови. Мадеира воедно е назначен како најоддалечениот регион на Европската Унија. Мадеира е една од двата автономни региони на Португалија, другиот регион е соседната островска група наречена Азорски Острови. Архипелагот е составен од островските групи: Мадеира, Порто Санто, Пусти Острови и Дивјачки Острови.

Мадеира била повторно пронајдена во 1419 година од португалските морепловци кои биле во службата на принцот Д. Енрике (Енрике Морепловецот), а ја населиле по 1420 година. Овој архилепаг се смета за првото територијално откритие во времето на португалскиот период на откритија.

Денеска Мадеира е едно од најпопуларните светски одморалишта, чии знаменитости се виното „Мадеира“, цвеќињата и рачната изработка, везилското занаетч...Read more

Мадеира (португалски: Madeira) или официјално Автономен Регион Мадеира (Região Autónoma da Madeira) е португалски архипелаг во Атлантскиот Океан, кој се наоѓа на помалку од 400 километри северно од Тенерифе, Канарски Острови. Мадеира воедно е назначен како најоддалечениот регион на Европската Унија. Мадеира е една од двата автономни региони на Португалија, другиот регион е соседната островска група наречена Азорски Острови. Архипелагот е составен од островските групи: Мадеира, Порто Санто, Пусти Острови и Дивјачки Острови.

Мадеира била повторно пронајдена во 1419 година од португалските морепловци кои биле во службата на принцот Д. Енрике (Енрике Морепловецот), а ја населиле по 1420 година. Овој архилепаг се смета за првото територијално откритие во времето на португалскиот период на откритија.

Денеска Мадеира е едно од најпопуларните светски одморалишта, чии знаменитости се виното „Мадеира“, цвеќињата и рачната изработка, везилското занаетчиство, како и новогодишните прослави проследени со претстави со спектакуларни огномети (според Гинисовата книга на рекорди во Мадеира се случила една од најдолгите новогодишни прослави). Главното пристаниште кое се наоѓа во Фуншал е едно од најважните места на кое допираат сите трговски и трансатлантски патнички крстарења помеѓу Европа, Карибите и Северна Америка.

Photographies by:
Statistics: Position
3027
Statistics: Rank
38798

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
371926854Click/tap this sequence: 1113

Google street view

Where can you sleep near Мадеира ?

Booking.com
489.960 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 9 visits today.