Мачу Пикчу (кечуански: Machu Pikchu) – „стара планина“) е претколумбовски град на Инките кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу. Градот, а денес археолошко наоѓалиште, се наоѓа на планински венец над долината Урубамба во Перу, каде тече реката Урубамба и од Куско е оддалечен околу 80 километри. Голем број археолози веруваат дека Мачу Пикчу бил изграден како одморалиште на Сапа Инка Пачакути. Мачу Пикчу понекогаш се именува и како „изгубениот град на Инките“ и тој претставува најпознат симбол на некогашната империја.

Инките започнале да го градат во 1400 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на владетелите на Инките еден век подоцна. Иако градот и наоѓалиштето биле познати за мештаните, тој не бил познат за остатокот од светот. Вниманието на светската јавност било фокусирани кон наоѓалиштето во 1911 година кога американскиот историчар Хирман Бигман го претставил Мачу Пикчу на светот. О...Read more

Мачу Пикчу (кечуански: Machu Pikchu) – „стара планина“) е претколумбовски град на Инките кој се наоѓа на 2430 метри надморска височина на Андите во Перу. Градот, а денес археолошко наоѓалиште, се наоѓа на планински венец над долината Урубамба во Перу, каде тече реката Урубамба и од Куско е оддалечен околу 80 километри. Голем број археолози веруваат дека Мачу Пикчу бил изграден како одморалиште на Сапа Инка Пачакути. Мачу Пикчу понекогаш се именува и како „изгубениот град на Инките“ и тој претставува најпознат симбол на некогашната империја.

Инките започнале да го градат во 1400 година, но бил напуштен во официјална смисла од страна на владетелите на Инките еден век подоцна. Иако градот и наоѓалиштето биле познати за мештаните, тој не бил познат за остатокот од светот. Вниманието на светската јавност било фокусирани кон наоѓалиштето во 1911 година кога американскиот историчар Хирман Бигман го претставил Мачу Пикчу на светот. Од тогаш, Мачу Пикчу е важна туристичка атракција.

Мачу Пикчу во 1981 година бил прогласен за Перуанско историско светилиште и во 1983 година бил вклучен во Светското наследство на УНЕСКО. Бидејќи не бил чепнат од Шпанците, Мачу Пикчу има доста голема историска, археолошка и културна важност и се смета за свето место. Мачу Пикчу бил изграден во класичен Инка стил, со полирани камени ѕидови. Главни градби во наоѓалиштето се Интихуатана, Храмот на сонцето и Собата на три прозорци. Овие три градби се наоѓаат во делот кој археолозите го нарекуваат „свет округ“ на Мачу Пикчу. Во септември 2007 година, Перу и Универзитетот Јејл се договориле да се пренесат сите артфакти во Перу кои биле пренесени за време на американската експедиција на чело со Бингам.

Photographies by:
Martin St-Amant (S23678) - CC BY 3.0
No machine-readable author provided. Xauxa assumed (based on copyright claims). - CC BY-SA 3.0
Diespas - Public domain
Statistics: Position
16
Statistics: Rank
3347421

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
154362897Click/tap this sequence: 1261

Google street view

Where can you sleep near Мачу Пикчу ?

Booking.com
487.403 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 29 visits today.