London Eye

( Лондонско око )

Лондонско око (англиски: London Eye), познато и како „Милениумско тркало“ — огромно панорамско тркало на Саут Бенк на реката Темза во Лондон, Англија. Неговото оригинално официјално име беше Лондонско око на Бритиш ервејз, потоа Лондонско око на Мерлин ентертејнмантс и од 20 јануари 2011 година, Лондонско око на ЕДФ Енерџи што следи во тригодишниот договор за спонзорирање.

Целосната градба е висока 135 метри, а тркалото има пречник од 120 метри. Во моментот, Лондонското око е највисокото тркало во Европа, најпознатата платена туристичка атракција во Обединетото Кралство со над 3,5 милиони посетители годишно и атракција која придонесе многу за изгледот на градот.

Откако беше изградено во 1999 година, тоа беше највисокото панорамско тркало во светот, сè додека во 2006 година, за првпат не го надмина Ѕвездата Нанчанг со 160 метри, а потоа во 2008 година, Сингапур Флајер со 165 метри. Потпрено со A-рамка само на едната страна, за разлик...Read more

Лондонско око (англиски: London Eye), познато и како „Милениумско тркало“ — огромно панорамско тркало на Саут Бенк на реката Темза во Лондон, Англија. Неговото оригинално официјално име беше Лондонско око на Бритиш ервејз, потоа Лондонско око на Мерлин ентертејнмантс и од 20 јануари 2011 година, Лондонско око на ЕДФ Енерџи што следи во тригодишниот договор за спонзорирање.

Целосната градба е висока 135 метри, а тркалото има пречник од 120 метри. Во моментот, Лондонското око е највисокото тркало во Европа, најпознатата платена туристичка атракција во Обединетото Кралство со над 3,5 милиони посетители годишно и атракција која придонесе многу за изгледот на градот.

Откако беше изградено во 1999 година, тоа беше највисокото панорамско тркало во светот, сè додека во 2006 година, за првпат не го надмина Ѕвездата Нанчанг со 160 метри, а потоа во 2008 година, Сингапур Флајер со 165 метри. Потпрено со A-рамка само на едната страна, за разлика од повисоките тркала Нанчанг и Сингапур, творците, Лондонското око го опишуваат како највисоко [[тркало за набљудување". Тоа нудеше поглед на градот од највисока гледна точка сè додека не го замени 245 метарската видиковска платформа на 72. кат на облакодерот „Срча“, која беше отворена за јавноста на 1 февруари 2013 година. Лондонското око се наоѓа во лондонската општина Ламбет, веднаш до западниот крај на Џубили Гарденс (претходно сосед на поранешниот Дом оф Дискавери), во Саут Бенк на реката Темза меѓу мостовите Вестминстерски и Хангерфорд.

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
831625749Click/tap this sequence: 5598

Google street view

Where can you sleep near Лондонско око ?

Booking.com
489.962 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 11 visits today.