Лас Вегас (англиски: Las Vegas) е најнаселениот град во сојузната држава Невада во Соединетите Држави, познат по коцкањето, шопингот, лукзусните вечери и забавата. Лас Вегас, кој се смета за „главниот град на светот за забава“ (англиски: The Entertainment Capital of the World), е познат по големиот број казина и забавни клубови. Лас Вегас е 28-от град според населеност во САД, со 558 383 жители во 2008 година. Проценетото население во целокупната област на Лас Вегас изнесува 1865 746 за 2008 година.
Утврден во 1905 година, Лас Вегас официјално станал град во 1911 година. Кон крајот на 20. век, Лас Вегас станал најнаселениот град во САД основан во тој век. Градот толерира различни форми за забава за возрасни, поради што е наречен „Град на гревовите“ (англиски: Sin Sity), а тоа го прави популарна тематика за филмската продукција и телевизиските програми. Од друга страна, Лас Вегас има најмногу цркви по жител во САД. Градот изобилува с...Read more
Лас Вегас (англиски: Las Vegas) е најнаселениот град во сојузната држава Невада во Соединетите Држави, познат по коцкањето, шопингот, лукзусните вечери и забавата. Лас Вегас, кој се смета за „главниот град на светот за забава“ (англиски: The Entertainment Capital of the World), е познат по големиот број казина и забавни клубови. Лас Вегас е 28-от град според населеност во САД, со 558 383 жители во 2008 година. Проценетото население во целокупната област на Лас Вегас изнесува 1865 746 за 2008 година.
Утврден во 1905 година, Лас Вегас официјално станал град во 1911 година. Кон крајот на 20. век, Лас Вегас станал најнаселениот град во САД основан во тој век. Градот толерира различни форми за забава за возрасни, поради што е наречен „Град на гревовите“ (англиски: Sin Sity), а тоа го прави популарна тематика за филмската продукција и телевизиските програми. Од друга страна, Лас Вегас има најмногу цркви по жител во САД. Градот изобилува со светлечки реклами, и доколку се набљудува од вселената тоа е најсветлиот град на планетата Земја.
Add new comment