Domovinski rat ( Хрватска војна за независност )

Хрватската војна за независност се водеше од 17 августa 1990 до 12 ноември 1995 година меѓу силите лојални на владата на Хрватска—којашто прогласи независност одСФРЈ (СФР Југославија)—и Српската-контролирана Југословенска Народна Армија (ЈНА) и локалните српски сили, со операциите која ЈНА ги заврши во Хрватска во 1992. Во Хрватска, војната се нарекува како Татковинска Војна (Domovinski rat) исто како и големо-српската агресија (Velikosrpska agresija). Во српските медиуми, Војната во Хрватска (Rat u Hrvatskoj) е најкористениот термин, исто како и Војната во Краина или Рат у Крајини.

Првенствено, војната беше водена меѓу хрватските полициски сили и српските локални вооружени групи кои живееја во СР Хрватска. Како што ЈНА сè повеќе беше под контрола на српската власт во Белград, повеќе сили од ЈНА почнаа со помагање на Србите кои се бореа во Хрватска. Хрватската страна имаше со цел да воспостави суверена држава независна од Југославија, и од Србите, поддржани од Србија, беа против независноста и сакаа Хрватска да биде дел од Југославија. Србите пополека воспоставија нови граници на територијата на Хрватска која имаше српско мнозинство или српско малцинство, и се обидоа да освојат што повеќе делови од Хрватска колку што е можно. Целта првенствено беше да се остане во истата држава со остатокот од српската нација, кое беше сфатено како обид за да се формира "Голема Србија" од Хрватите (иБошњаците). Во 2007, Меѓународниот суд за војни злосторства (ICTY) го прогласи водачот на вооружените Срби од Хрватска, Милан Мартиќ за виновен, наговестувајќи дека тој комуницираше со Слободан Милошевиќ и останатите за да формираат "унитарна Српска држава". Во 2011 Судот во Хаг наговести дека хрватските генерали Готовина и Маркач беа дел од здружена криминална организација од воено и политичко водство на Хрватска чијашто цел беше етничко да ги исчисти Краинските Срби надвор од Хрватска во август 1995 и да ги населат тие територии со Хрватски бегалци.

Read more

При почетокот на војната, ЈНА се обиде насила да ја задржи Хрватска во Југославија окупирајќи ја цела Хрватска. Одкога не им успеа овој обид, Српските сили ја воспоставија само-прогласената Република Српска Краина (РСК) во Хрватска. При крајот на 1991, поголемиот дел на Хрватска беше опфатена со војна, со многу градови и села тешко оштетениво војните операции, и останатите стотици илјади бегалци. По прекинот на огнор во јануари 1992 и меѓународното признавање на Република Хрватска како независна држава, борбените линии беа јаки, United Nations Protection Force (УНПРОФОР) беше во акција, останувајќи неколку години. Во тоа време, РСК опфаќаше13,913 square kilometers (5,372 квадратна милјаs), повеќе од четвртина од Хрватска. Во 1995, Хрватска спроведе две големи офанзиви познати како Операција блесок и Операција Луња, коишто ефективно ќе ја заврши војната. Остатокот од зоната воспоставена од Обединетите Нации за Источна Славонија, Барања и западен Срем (UNTAES) беше мирно реинтегрирана во Хрватска во 1998.

Во првата етапа, до јануари 1992, беше извршена војна агресија на Хрватска, која беше присилена на одбрана. Оружените борби почнаа да избивнуваат во април 1991 со постепено распоредување на ЈНА во просторот на локалните Хрватски Срби, од август 1991, прераснале во воена агресија од територијата на Србија. Во втората етапа, од јануари 1992. до мај 1995., дојде до прекин во агресијата и до разместување на мировни сили на ООНдо тие подрачја кои не беа контролирани од Хрватска каде имаше прекин на огнот. За Хрватска тоа беше етапа со дипломатски преговори сè до стрпливо појачување на силите и подготвување за постепено ослободување на окупираните територии. Во третата етапа, во мај i август 1995., беа изведени воени операции во кои беше ослободен најголемиот дел на окупираното подрачје во Посавина и западна Славонија како и во Бановина, Кордун, воЛика и во северна Далмација. Преостанатото окупирано подрачје во хрватското Подунавје е реинтегрирано со помош на преодната меѓународна управа (1996.-1998.).

Војната заврши со целокупна Хрватска победа, каде Хрватска успеа да ги оствари плановите кои ги имаше кон почетокот на војната: независност и чување на нејзините граници. Сепак, поголем дел од Хрватска беше уништен, и се смета дека 21–25% од хрватската економија беше уништена и вкупно УСД $37 билиони во уништена инфраструктура и тотално изгубена економија. Вкупниот број на мртви од двете страни беше околу 20,000, и имаше бегалци од страна на двете страни ве некој период: Хрватите претежно при почетокот на војната, и Србите претежно при крајот. Додека повеќе луѓе се вратија, и Хрватска и Србија успешно соработуваа повеќе во сите аспекти, и двете држави до ден денес очекуваат повеќе од Меѓународниот суд за виновниците да се изнесат пред правдата и тужбите кои овие две држави ги поднесоа.

За српската страна во Хрватска војната беше предизвикана со независноста на Хрватске кое било спротивно со тогашниот Устав на СФР Југославија, со изгласувањето на новиот Устав на Република Хрватска каде Хрватска станува држава на хрватскиот народ и останатите национални малцинства, кадешто Србите од Хрватска остануваат без право како уставен народ од СФРЈ и стануваат национално малцинство во новата држава.

Destinations