Хетити

Хетитите се антички народ кој бил распространет во Анадолија околу 18-от век п.н.е. со главен град во Хатуша во Централна Анадолија. Оваа империја го живеела својот врв во средината на 14-от век п.н.е. и под водство на Супилулиума Први успеале да завладеат со скоро цела Мала Азија како и со делови на северен Левент и Горна Месопотамија. По 1180 г.п.н.е. за време на распадот на бронзеното доба, на империјата ѝ дошол крајот, расцепкувајќи се на повеќе независни неохетитититски градови-држави, од кои некои преживеале сè до 8-от век п.н.е.

До крајот на 20 век, постоењето на Хетити било повеќе мит отколку факт. Сето ова се променило со откривањето на градот Хатуша, главниот град на Хетитската империја.

Нивниот јазик води потекло од анадолското говорно подрачје на индоевропското семејство на јазици. Тие својата татковина ја нарекувале Хати, а јазикот Нешили (јазикот од Неша). И покрај тоа што тие самите се нарекувале Хати, Хатите би требало да се раздвојуваат од Хетитите, пред сè како постар народ од двата, кој го населил истиов регион, се верува во 2 милениум п.н.е., и се користеле со северозападната кавкаска група на јазици, позната како хатитска. Нивното конвенционално име „Хетити“ се должи на библиските Хетити според археологијата во 19-от век. Имено, историјата и цивилизацијата на Хетитите се реконструирани од страна на истражувачите од крајот на 19 век благодарение на ископувањата на анадолските наоѓалишта, од кои на прво место Божазкој, каде што се наоѓаат урнатините на Хатуша; илјадници плочи со клинесто писмо биле откопани таму, документирајќи неколку аспекти од политичкиот, верскиот и економскиот живот на Хетитското кралство.

Нивната војска главно се состоела од запрежни кочии. Иако овој народ му припаѓал на бронзеното доба, тие опстојувале и за време на железното доба, произведувајќи предмети од железо уште во 14-от век п.н.е. а ова се потврдува преку писмата кои тие ги испраќале и од нив барале стоки од ваков вид.

По 1180 г.п.н.е. во период на општи превирања во Левент поради пристигнувањето на Луѓето од Морето, кралството се распарчило на неколку независни неохетитититски градови-држави, некои постоејќи сè до 8-от век п.н.е. Историјата на оваа цивилизација се дознава најмногу преку клинестите списи кои се пронајдени во таа област, како и преку нивните дипломатски и трговски врски кои ги воспоставиле со Египет и Блискиот Исток.

Read more