La Habana
( Хавана )Хавана (шпански: La Habana) е главен град на Куба кој со своите 2,5 милиони жители е најголем град во Куба и на Карибите. Хавана се наоѓа на околу 160 км југозападно од Ки Вест на Флорида Киз. Градот Хавана (официјално: "Ciudad de la Habana") е една од покраините на Куба.
Хавана се наоѓа на брегот на Флоридскиот Проток. На островот Куба, овој град е сместен во неговиот северозапад и е опкружен од провинцијата Хавана на југ, исток и запад.
Конквистадорот Диего Веласкес де Куељар ја основал Хавана во 1515 година, на јужниот брег на островот, блиску до денешниот град Сиргидеро де Батабано. Градот Хавана бил преселен на сегашната локација (тогаш позната како Карењас) во 1519 година.
Хавана била првобитно трговско пристаниште, а станала главен град на шпанската колонија Куба во 1607 година, како и главно пристаниште на шпанските колонии во Новиот Свет.
Add new comment