端島 (長崎県)

( Хашима (остров) )

Островот Хашима (или просто Хашима, бидејќи -шима е јапонскиот суфикс за остров), општо наречен Гунканџима (軍艦島; значејќи Остров Борбен Брод), ― напуштен остров кај Нагасаки, сместен околу 15 км од средиштето на градот. Тој е еден од 505те ненаселени острови во префектурата Нагасаки. Најзначајните истакнатости на островот се напуштените бетонски градби, негибнати освен од природата, и заобиколувачкиот морски ѕид. Додека островот е симбол на брзата индустрализација на Јапонија, тој е исто така потсетник на јапонските воени злосторства како место на присилна работа пред и за време на Втората светска војна.

Островот од 6.3 хектари бил познат по своите подводни рудници за јаглен, воспоставени во 1887 година, кои работеле за време на индустријализацијата на Јапонија. Островот достигнал најбројно население од 5,259 во 1959 година. Во 1974 година, кога резервите на јаглен биле близу до исцрпување, рудникот бил затворен и сите жители заминале набргу потоа, ...Read more

Островот Хашима (или просто Хашима, бидејќи -шима е јапонскиот суфикс за остров), општо наречен Гунканџима (軍艦島; значејќи Остров Борбен Брод), ― напуштен остров кај Нагасаки, сместен околу 15 км од средиштето на градот. Тој е еден од 505те ненаселени острови во префектурата Нагасаки. Најзначајните истакнатости на островот се напуштените бетонски градби, негибнати освен од природата, и заобиколувачкиот морски ѕид. Додека островот е симбол на брзата индустрализација на Јапонија, тој е исто така потсетник на јапонските воени злосторства како место на присилна работа пред и за време на Втората светска војна.

Островот од 6.3 хектари бил познат по своите подводни рудници за јаглен, воспоставени во 1887 година, кои работеле за време на индустријализацијата на Јапонија. Островот достигнал најбројно население од 5,259 во 1959 година. Во 1974 година, кога резервите на јаглен биле близу до исцрпување, рудникот бил затворен и сите жители заминале набргу потоа, оставајќи го островот ефективно напуштен во следните три децении.

Интересот за островот повторно се појавил во 2000-тите години поради неговите непречени историски урнатини и постепено станал туристичка знаменитост. Одредени урнати надворешни ѕидови оттогаш биле обновени, а патувањето до Хашима било повторно отворено за туристите на 22 април 2009 година. Зголемениот интерес за островот резултирало со иницијатива за негова заштита како место на индустриско наследство.

Рудникот за јаглен на островот бил официјално одобрен како светско наследство на УНЕСКО во јули 2015 година, како дел од јапонските места на Меиџиевата индустриска револуција на Јапонија: железо и челик, бродоградба и ископување јаглен.

Photographies by:
Jordy Meow - CC BY-SA 3.0
Jordy Meow - CC BY 3.0
Statistics: Position
618
Statistics: Rank
158255

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
927853146Click/tap this sequence: 3867

Google street view

Where can you sleep near Хашима (остров) ?

Booking.com
487.403 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 29 visits today.