อุทยานประวัติศาสตร์พระนครศรีอยุธยา

( Историски парк Ајутаја )

Историскиот парк Ајутаја (тајландски: อุทยานประวัติศาสตร์พระนครศรีอยุธยา (изговор )) ― историски парк кој ги опфаќа урнатините на стариот град Ајутаја, покраината Пра Након Си Ајутаја, Тајланд. Градот Ајутаја бил основан од кралот Раматибоди I во 1351 година, иако веројатно е значително постар, врз основа на докази кои покажуваат дека областа веќе била населена за време на периодот мон дваравати. Изворите понатаму споменуваат дека околу 850 година од нашата ера, Кмерите ја зазеле областа и воспоставиле упориште таму, именувајќи го Ајодја по еден од најсветите хиндуски градови во Индија со истото име. Раната историја на Ајутаја е поврзана со оваа кмерска населба. Дополнително, принцот Дамронг исто така посведочил за постоењето на град по име Ајодја, основан од Кмерите владеејќи од Лопбури на местото каде што се спојуваат трите реки. Ископувачката карта покажува траги од антички барај (резервоар за вода) блиску до југозападниот врв на Ват/Уат Јај Чај Мон...Read more

Историскиот парк Ајутаја (тајландски: อุทยานประวัติศาสตร์พระนครศรีอยุธยา (изговор )) ― историски парк кој ги опфаќа урнатините на стариот град Ајутаја, покраината Пра Након Си Ајутаја, Тајланд. Градот Ајутаја бил основан од кралот Раматибоди I во 1351 година, иако веројатно е значително постар, врз основа на докази кои покажуваат дека областа веќе била населена за време на периодот мон дваравати. Изворите понатаму споменуваат дека околу 850 година од нашата ера, Кмерите ја зазеле областа и воспоставиле упориште таму, именувајќи го Ајодја по еден од најсветите хиндуски градови во Индија со истото име. Раната историја на Ајутаја е поврзана со оваа кмерска населба. Дополнително, принцот Дамронг исто така посведочил за постоењето на град по име Ајодја, основан од Кмерите владеејќи од Лопбури на местото каде што се спојуваат трите реки. Ископувачката карта покажува траги од антички барај (резервоар за вода) блиску до југозападниот врв на Ват/Уат Јај Чај Монгкон, кој можел да биде изграден на поранешен важен кмерски храмски комплекс.

Градот бил заземен од Бурманците во 1569 година. Иако не бил опљачкан, изгубил „многу вредни и уметнички предмети“. Тој бил главен град на земјата до неговото уништување од бурманската војска во 1767 година.

Во 1969 година, Одделот за ликовни уметности на Тајланд започна со реновирање на урнатините, зголемувајќи го проектот откако наоѓалиштето било прогласена за историски парк во 1976 година. Дел од паркот е прогласен за Светско наследство на УНЕСКО во 1991 година.

Photographies by:
Statistics: Position
711
Statistics: Rank
266061

Add new comment

CAPTCHA
Security
843167952Click/tap this sequence: 9284
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Историски парк Ајутаја ?

Booking.com

What can you do near Историски парк Ајутаја ?

8.814.495 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 6.053 visits today.