Фуџи или „Фуџијама“ (јапонски: 富士山, трск. фуџи-сан) — планина на островот Хоншу, највисока во Јапонија со 3.776,24 м. Планината е активен стратовулкан кој последен пат избувнал во 1707–08 г. Се наоѓа 100 км југозападно од Токио и се гледа од градот при ведри услови. Има особено симетричен облик, и врвот е покриен со снег неколку месеци во годината. Планината е мошне позната како симбол и присутна во разни уметнички дела, и се вбројува во „трите свети планини“ на Јапонија (заедно со Тате и Хаку). Ужива популарност кај планинарите и посетителите, и е прогласена за место од историско значење и природна убавина. Во 2013 г. добила статус на светско наследство на УНЕСКО како културно богатство како место на вековна инспирација за уметници и поети и место на поклонение. Меѓу посетуваните места на и околу планината се вбројуваат светилиштето Фуџисан Хонгу Сенген Тајша и шест други шинтоистички светилишта, два планинарски дома, езерата Јаманака, Кавагучи...Read more
Фуџи или „Фуџијама“ (јапонски: 富士山, трск. фуџи-сан) — планина на островот Хоншу, највисока во Јапонија со 3.776,24 м. Планината е активен стратовулкан кој последен пат избувнал во 1707–08 г. Се наоѓа 100 км југозападно од Токио и се гледа од градот при ведри услови. Има особено симетричен облик, и врвот е покриен со снег неколку месеци во годината. Планината е мошне позната како симбол и присутна во разни уметнички дела, и се вбројува во „трите свети планини“ на Јапонија (заедно со Тате и Хаку). Ужива популарност кај планинарите и посетителите, и е прогласена за место од историско значење и природна убавина. Во 2013 г. добила статус на светско наследство на УНЕСКО како културно богатство како место на вековна инспирација за уметници и поети и место на поклонение. Меѓу посетуваните места на и околу планината се вбројуваат светилиштето Фуџисан Хонгу Сенген Тајша и шест други шинтоистички светилишта, два планинарски дома, езерата Јаманака, Кавагучи, осум топли извори (Осихо Хакај), дрва скаменети од лава, остатоци од култот на планината (Фуџи-ко) во пештерата Хитоана, водопадите Ширајто и боровата корија Михо но Мацубара.
Планината претставува и инспирација за хаику-стихозбирката во „Гулаби над Фуџи“ (2011) од македонскиот писател Александар Кујунџиски.
Add new comment