Futbol Club Barcelona ( ФК Барселона )

Фудбалски Клуб Барселона (каталонски: Futbol Club Barcelona, често познат како Барса или Барселона) — професионален фудбалски клуб, со седиште во Барселона, Шпанија. Се натпреварува во Ла Лига, и е еден од трите клуба кои никогаш немаат испаднато од првата шпанска лига.

Формиран во 1899 година од страна на швајцарски, шпански и каталонски играчи предводени од страна на Жоан Гампер, клубот станал симбол на каталонската култура и каталонците, под мотото „Més que un club“ (македонски: Повеќе од клуб). Официјалната химна на Барса е „Cant del Barça“ чии автори се Жуам Пикас и Жозеп Марија Еспинас. За разлика од многу други фудбалски клубови, навивачите ја поседуваат и раководат со Барселона. Барселона е вториот најбогат фудбалски клуб во светот во поглед на приход, со годишен обрт од 484 милилони евра. Клубот има долго соперништво со Реал Мадрид, натпреварите помеѓу овие два тима се познати како Ел Класико.

Во домашните првенства ФК Барселона освоила рекордни дваесет и пет Шпански купови, девет Шпански Супер Купови и два Лига Купови. Исто така е еден од најуспешните клубови во европскиот фудбал, со освоени десет УЕФА натпреварувања. Барселона е единствениот европски клуб кој игра континентален фудбал секоја сезона од 1955 година. Во 2009 година Барселона стана првиот шпански клуб кој ги има освоено Ла Лига, Кралскиот Куп и Лигата на шампионите во една сезона. Истата година стана и првиот фудбалски клуб во светот кој има освоено шест од шест трофеи во една година, вклучувајќи ги и Шпанскиот Супер Куп, УЕФА Супер Купот и ФИФА светскиот клупски Куп.