Џосеровата пирамида била изградена за фараонот Џосер од архитектот Имхотеп во XXVII век п.н.е. во Сахарската некропола, југозападно од градот Мемфис.
Оваа прва египетска пирамида се состои од низа мастаби (секоја помала од претходната) изградени една врз друга според ревизии како и првичниот план. Првобитно била висока 62 метри и била обложена со измазнет бел мермер. Оваа скалеста пирамида (или прапирамида) се смета за првата голема камена градба во историјата.
Add new comment