هرم ساحورع

( Сахурова пирамида )

Сахурова пирамида — староегипетска пирамида и прва изградена во некрополата Абусир. Таа била изградена како гробница на вториот фараон од Петтата египетска династија Сахуре во 2480 п.н е. Градбата е дел од поголема гробна целина која се состои од храм на брегот на езерото Абусир, насип од овој храм до високиот храм сместен наспроти главната пирамида и посебна молитвена пирамида наменета за душата на кралот. Целината во Древниот Египет била позната како „Ḫˁj-b3 S3ḥ.w Rˁ“ или во превод „воскресение на духот на Сах“.

Пирамидалната целина била предмет на темелни ископувања на почетокот од 20 век од страна на Лудвиг Борхарт и истата денес се смета за пресвртница во древноегипетската гробна архитектура, така што нејзиниот распоред има поставено образец кој останал непроменет сè до крајот на Шестата египетска династија околу 300 години подоцна. Долината и високите храмови, како и насипот на целината, биле богато украсени со над 10.000 м2 фини ...Read more

Сахурова пирамида — староегипетска пирамида и прва изградена во некрополата Абусир. Таа била изградена како гробница на вториот фараон од Петтата египетска династија Сахуре во 2480 п.н е. Градбата е дел од поголема гробна целина која се состои од храм на брегот на езерото Абусир, насип од овој храм до високиот храм сместен наспроти главната пирамида и посебна молитвена пирамида наменета за душата на кралот. Целината во Древниот Египет била позната како „Ḫˁj-b3 S3ḥ.w Rˁ“ или во превод „воскресение на духот на Сах“.

Пирамидалната целина била предмет на темелни ископувања на почетокот од 20 век од страна на Лудвиг Борхарт и истата денес се смета за пресвртница во древноегипетската гробна архитектура, така што нејзиниот распоред има поставено образец кој останал непроменет сè до крајот на Шестата египетска династија околу 300 години подоцна. Долината и високите храмови, како и насипот на целината, биле богато украсени со над 10.000 м2 фини релјефи кои ја направиле целината препознатлива во антиката. Високиот храм исто така се одликува по разновидноста на градежните материјали кои биле употребени за негова изградба — од алабастер и базалтни подови до фин варовник и црвен гранит на ѕидовите.

Photographies by:
Statistics: Position
2224
Statistics: Rank
125583

Add new comment

CAPTCHA
Security
194523768Click/tap this sequence: 4746
Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Google street view

Where can you sleep near Сахурова пирамида ?

Booking.com
8.759.129 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 311 visits today.