Context of Панама

Панама (шпански: Panamá) или официјално Република Панама (шпански: República de Panamá) е држава во копнена Средна Америка. Панама се наоѓа на т.н. Панамски Провлак, копно кое ја поврзува Северна Америка преку Средна Америка со Јужна Америка. На северозапад од Панама се наоѓа Костарика, на југоисток се наоѓа Колумбија, на север се наоѓа Карипското Море, додека на југ се наоѓа Тихиот Океан. Главен град на Панама е градот Панама, додека службен јазик е шпанскиот јазик.

Од европските истражувачи, Панама е посетена за првпат во 16 век кога станала дел од Шпанското Кралство. Во 1821 година, Панама се отцепила од Шпанското Кралство и се приклучила во една држава со Нова Гранада, Еквадор и Венецуела која се нарекувала Гран Колумбија. Со распадот на Гран Колумбија во 1830, Панама останала дел од Колумбија. Сепак, со помош на САД, во 1903 година Панама станала независна држава. Значаен момент во историјата на Па...Read more

Панама (шпански: Panamá) или официјално Република Панама (шпански: República de Panamá) е држава во копнена Средна Америка. Панама се наоѓа на т.н. Панамски Провлак, копно кое ја поврзува Северна Америка преку Средна Америка со Јужна Америка. На северозапад од Панама се наоѓа Костарика, на југоисток се наоѓа Колумбија, на север се наоѓа Карипското Море, додека на југ се наоѓа Тихиот Океан. Главен град на Панама е градот Панама, додека службен јазик е шпанскиот јазик.

Од европските истражувачи, Панама е посетена за првпат во 16 век кога станала дел од Шпанското Кралство. Во 1821 година, Панама се отцепила од Шпанското Кралство и се приклучила во една држава со Нова Гранада, Еквадор и Венецуела која се нарекувала Гран Колумбија. Со распадот на Гран Колумбија во 1830, Панама останала дел од Колумбија. Сепак, со помош на САД, во 1903 година Панама станала независна држава. Значаен момент во историјата на Панама е изградбата на Панамскиот Канал, кој бил изграден со помош на САД во периодот од 1904 и 1914 година. Со договорот, Панама ја презела целата контрола врз каналот кон крајот на XX век.

Панамскиот Канал, денес, е значаен сегмент во панамската економија и истиот има најголем удел во БДП на државата. Панама е трета или четврта најголема економија во Средна Америка и е најбрзорастечка економија во регионот. Спроед Индексот на човеков развој, Панама во 2010 година била рангирана како четврта земја во Латинска Америка и 54 земја во светот. Панама е дом на најголемата прашума во западната полутопка, со исклучок на Амазон, и таа е дом на голем број тропски растенија, животни и птици, каде некои се и ендемски.

More about Панама

Basic information
  • Native name Panamá
  • Calling code +507
  • Internet domain .pa
  • Mains voltage 110V/60Hz
  • Democracy index 7.18
Population, Area & Driving side
  • Population 860000
  • Area 74177
  • Driving side right

Phrasebook

Пијте
Beber
Затворено
Cerrado
Пиво
Cerveza
Нема на што
De nada
Притисни
Empujar
Мило ми е што те запознав
Encantada de conocerte
Влез
Entrada
Мажите
Hombres
Тоалет
Inodoro
Интернет
Internet
Повлечете
Jalar
жал ми е
Lo siento

Where can you sleep near Панама ?

Booking.com
492.885 visits in total, 9.215 Points of interest, 405 Destinations, 25 visits today.