Context of Норвешка

Норвешка (норвешки: Norge [книжевен], Noreg [нов норвешки]), официјално Кралство Норвешка (Kongeriket Noreg/ Kongeriket Norge) или ретко Норвегија — држава во Северна Европа. Се наоѓа на Скандинавскиот Полуостров, опфаќајќи го неговиот западен брег. Главен град е Осло кој од оснoвањето во 1624 година па сè до 1925 година го носеше името Кристијанија. Осло е единствениот град во кој, покрај Стокхолм, се доделува една од Нобеловите награди — Нобеловата награда за мир.

Таа на исток граничи со Шведска; нејзиниот најсеверен регион граничи со Финска на југ и Русија на запад. Обединетото Кралство и Фарските Острови лежат западно преку Северното Море, а Данска лежи на југ. Долгото крајбрежје на Ноpвешка, во северен Атлантски Океан и Баренцовото Море, се дом на нејзините познати фјордови.

По завршувањето на Втората светска војна, Норвешка забележува огромен економски раст, и денес е меѓу најбогатите земји во целиот свет. Норвешка е четврт најголем из...Read more

Норвешка (норвешки: Norge [книжевен], Noreg [нов норвешки]), официјално Кралство Норвешка (Kongeriket Noreg/ Kongeriket Norge) или ретко Норвегија — држава во Северна Европа. Се наоѓа на Скандинавскиот Полуостров, опфаќајќи го неговиот западен брег. Главен град е Осло кој од оснoвањето во 1624 година па сè до 1925 година го носеше името Кристијанија. Осло е единствениот град во кој, покрај Стокхолм, се доделува една од Нобеловите награди — Нобеловата награда за мир.

Таа на исток граничи со Шведска; нејзиниот најсеверен регион граничи со Финска на југ и Русија на запад. Обединетото Кралство и Фарските Острови лежат западно преку Северното Море, а Данска лежи на југ. Долгото крајбрежје на Ноpвешка, во северен Атлантски Океан и Баренцовото Море, се дом на нејзините познати фјордови.

По завршувањето на Втората светска војна, Норвешка забележува огромен економски раст, и денес е меѓу најбогатите земји во целиот свет. Норвешка е четврт најголем извозник на нафта во светот, и нејзината петролејска индустрија зафаќа повеќе од четвртина од нејзиниот бруто-домашен производ. Норвешка е исто така богата со природен гас, хидроенергија, риба, шуми и минерали. Таа беше најголемиот извозник на морска храна после Кина во 2006 година. Други примарни индустрии се: преработка на храна, бродоградба, металната и хемиската индустрија, рударството, риболовот и производството на производи од хартија и пулпа. Норвешка има скандинавски социјален модел.

Норвешка била највисоко оценета од сите земји на полето на развојот на човекот од 2001 до 2006, и го дели првото место со Исланд од 2007 до 2008. Исто така, таа била оценета како најмирна земја во светот во 2007 година, и е една од основачите земји на НАТО.

More about Норвешка

Basic information
  • Currency Норвешка круна
  • Native name Norge
  • Calling code +47
  • Internet domain .no
  • Mains voltage 230V/50Hz
  • Democracy index 9.81
Population, Area & Driving side
  • Population 5594340
  • Area 385207
  • Driving side right

Where can you sleep near Норвешка ?

Booking.com
8.841.451 visits in total, 407.503 Points of interest, 405 Destinations, 2.907 visits today.