Costa Rica
КостарикаContext of Костарика
Костарика (шпански: Costa Rica) или официјално Република Костарика (República de Costa Rica) — држава во Средна Америка. Костарика се наоѓа во копнениот дел на Средна Америка и на север се граничи со Никарагва, на југ се граничи со Панама, на запад излегува на Тихиот Океан, додека на исток излегува на Карипското Море. Главен град на Костарика е Сан Хосе.
Костарика е држава која ја има укинато сосема својата војска во 1949 година. Костарика постојано била сметана за една од најдобрите латиноамерикански држави според Индексот на човеков развој, истата била рангирана на 62 место во светот и Костарика е една од државите кои имаат постојан висок индекс за човеков развој од државите со сличен приход. Во поглед на грижата за околината, Костарика е трета земја во светот и прва во Америка. Според „Индексот за среќата на планетата“, Костарика е рангирана на првото место и се смета за „најзелена“ држава во светот.
More about Костарика
- Native name Costa Rica
- Calling code +506
- Internet domain .cr
- Mains voltage 120V/60Hz
- Democracy index 8.16
- Population 5044197
- Area 51100
- Driving side right