Context of Камбоџа

Камбоџа, официјално Кралство Камбоџа (кмерски: ព្រះរាជាណាចក្រកម្ពុជាPreăh Réachéanachâkr Kâmpŭchea) или позната по старото име Кампучија е држава во Југоисточна Азија. Камбоџа се граничи со Тајланд на запад и северозапад, со Лаос на север и со Виетнам на исток, додека на југ излегува на Тајландскиот Залив. Главен град на Камбоџа е Пном Пен и службен јазик во државата е кмерскиот јазик. Вкупната површина на Камбоџа изнесува 181.035 км2 каде живеат околу 14.805.000 жители.

Камбоџа е уставна монархија каде на чело на државата се наоѓа кралот Нородом Сихамони. Покрај тоа што Пном Пен е главен град на државата, тој е и најголем политички, трговски, индустриски и културен центар во државата. Градот Сием Реап се наоѓа во близина на Ангкор Ват и често се смета за капија на ангкорскиот регион. Сием Реап, заедно со Ангкор Ват се главните турситички одредишта во државата. Покрај овие два града, во Камбоџа се значајни и гра...Read more

Камбоџа, официјално Кралство Камбоџа (кмерски: ព្រះរាជាណាចក្រកម្ពុជាPreăh Réachéanachâkr Kâmpŭchea) или позната по старото име Кампучија е држава во Југоисточна Азија. Камбоџа се граничи со Тајланд на запад и северозапад, со Лаос на север и со Виетнам на исток, додека на југ излегува на Тајландскиот Залив. Главен град на Камбоџа е Пном Пен и службен јазик во државата е кмерскиот јазик. Вкупната површина на Камбоџа изнесува 181.035 км2 каде живеат околу 14.805.000 жители.

Камбоџа е уставна монархија каде на чело на државата се наоѓа кралот Нородом Сихамони. Покрај тоа што Пном Пен е главен град на државата, тој е и најголем политички, трговски, индустриски и културен центар во државата. Градот Сием Реап се наоѓа во близина на Ангкор Ват и често се смета за капија на ангкорскиот регион. Сием Реап, заедно со Ангкор Ват се главните турситички одредишта во државата. Покрај овие два града, во Камбоџа се значајни и градовите Батамбанг, кој е познат по производството на ориз и Сиханоуквил, кој е значаен пристаништен центар.

Камбоџа е воглавно населена од етнички Кмери, кои понекогаш се нарекуваат и Камбоџанци. Поголем дел од населението на Камбоџа се следбеници на будизмот. Покрај Кмерите, во Камбоџа живеат и мали заедници на Чами, Кинези и Виетнамци.

Земјоделството во Камбоџа отсекогаш било главен економски сектор, каде околу 59% од населението опстојуваат од земјоделството и земјоделското производство, воглавно ориз. Покрај земјоделството, значајни економски сектори се и градежништвото и туризмот. Во 2005 година во Камбоџа биле пронајдени резерви на нафта и природен гас, што, ако профункционира, би значело голем успех и развој за камбоџанската економија.

13 things to do in Камбоџа

Phrasebook

Мило ми е што те запознав
រីករាយ​ដែល​បាន​ជួប​អ្នក
Притисни
រុញ
Ве молам
សូម
Жените
ស្ត្រី
Пиво
ស្រាបៀរ
Забрането
ហាម
Извини ме
អត់ទោស
Храна
អាហារ
Интернет
អ៊ីនធឺណិត

Where can you sleep near Камбоџа ?

Booking.com
522.149 visits in total, 9.230 Points of interest, 405 Destinations, 238 visits today.