Context of Бутан

За земниот гас со истото име, видете Бутан (гас).

Кралство Бутан (ѕонгка: ) или само Бутан — земја во Јужна Азија, с естена на источниот крај на Хималаите. Државата на југ, исток и запад се граничи со Индија, а додека на север се граничи со НР Кина. Од Непал, државата е одделена со индиската држава Сиким, а од Бангладеш со сојузната држава Западен Бенгал. На бутански јазик или ѕонгка, државата се нарекува „Друк јул“ (འབྲུག་ཡུལ་) што во превод значи „Земјата на молњестиот змеј“.

До скоро, Бутан важеше за една од најизолираните земји во светот, но денес државата е под забрзан развој и има интернет, мобилна, телевизиска и телефонска мрежа. Сепак, Бутан го избалансирал овој модерен развој со својата античка традиција и култура под директно водство на бруто националната среќа. Владата во Бутан презема доста мерки за зачувување на националната култура, традиција, идентитет и природа. Според „Business Week“ и Универзитетот во Лејка...Read more

За земниот гас со истото име, видете Бутан (гас).

Кралство Бутан (ѕонгка: ) или само Бутан — земја во Јужна Азија, с естена на источниот крај на Хималаите. Државата на југ, исток и запад се граничи со Индија, а додека на север се граничи со НР Кина. Од Непал, државата е одделена со индиската држава Сиким, а од Бангладеш со сојузната држава Западен Бенгал. На бутански јазик или ѕонгка, државата се нарекува „Друк јул“ (འབྲུག་ཡུལ་) што во превод значи „Земјата на молњестиот змеј“.

До скоро, Бутан важеше за една од најизолираните земји во светот, но денес државата е под забрзан развој и има интернет, мобилна, телевизиска и телефонска мрежа. Сепак, Бутан го избалансирал овој модерен развој со својата античка традиција и култура под директно водство на бруто националната среќа. Владата во Бутан презема доста мерки за зачувување на националната култура, традиција, идентитет и природа. Според „Business Week“ и Универзитетот во Лејкастер, Бутан е најсреќната држава во Азија и осма најсреќна држава во светот според истражувањата на универзитетот во 2006 година..

Релјефот на Бутан е разновиден. Така, државата е составена од суптропски рамници на југот па сè до планински предели на север со високи врвови, од кои некои изнесуваат над 7000 метри надморска височина. Државната религија во Бутан е ваѓрајаната. Исто така најголем број од населението се будисти, додека втора најголема религија е хиндуизмот. Најголем град, а воедно и главен град, во Бутан е Тимбу (Тимпу). Вкупната површина на државата е 38.394 км2.

По долгогодишно владеење од страна на монархијата, Бутан ги одржал своите први демократски избори во март 2008 година. Покрај останатите меѓународни организации, Бутан е член на ООН и Јужноазиското здружение за регионална соработка.

More about Бутан

Basic information
Population, Area & Driving side
  • Population 807610
  • Area 38394
  • Driving side left

Where can you sleep near Бутан ?

Booking.com
489.820 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 71 visits today.