Context of Амстердам

Амстердам (холандски: Amsterdam) е главен и воедно најголем град во Холандија. Статусот на градот како главен град на државата утврден во уставот. Градот Амстердам има население од 790 654 жители, урбана население од 1 209 419 жители, додека на територијата на областа Амстердам живеат 2 289762 жители. Градот се наоѓа во покраината Северна Холандија која се наоѓа во западна Холандија. Тој го опфаќа северниот дел од Рандстанд – една од најголемите општини (кантони) во Европа која има население од околу 7 милиони жители. Името Амстердам е изведено од (Amstelerdamme), што зборува нешто повеќе за потеклото на градот – тоа е брана на реката Амстел. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандската златна ера, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата. Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговијата со дијам...Read more

Амстердам (холандски: Amsterdam) е главен и воедно најголем град во Холандија. Статусот на градот како главен град на државата утврден во уставот. Градот Амстердам има население од 790 654 жители, урбана население од 1 209 419 жители, додека на територијата на областа Амстердам живеат 2 289762 жители. Градот се наоѓа во покраината Северна Холандија која се наоѓа во западна Холандија. Тој го опфаќа северниот дел од Рандстанд – една од најголемите општини (кантони) во Европа која има население од околу 7 милиони жители. Името Амстердам е изведено од (Amstelerdamme), што зборува нешто повеќе за потеклото на градот – тоа е брана на реката Амстел. Населен како мало рибарско село кон крајот на 12 век, градот Амстердам станал едно од најважните пристаништа во светот за време на холандската златна ера, што се должи на холандскиот иновативен развој на трговијата. Во тој период, градот претставувал водечки финансиски центар и центар за трговијата со дијаманти. Во 19-от и XX век градот се проширил, при што се создадени голем број нови населби и предградија. Каналите во Амстердам кои потекнуваат од XVII век и кои се наоѓаат во срцето на градот, се заштитени како Светско наследство од страна на УНЕСКО во јули 2010 година. Како комерцијален главен град на Холандија и како еден од врвните финансиски центри во Европа, студиската група за глобализација и главни градови (GaWC) го поставува Амстердам за алфа светски град. Градот исто така претставува главен град на културата во Холандија. Голем број холандски институции имаат главни претставништва во овој град, а 7 од 500-те врвни светски компании, како што се Филипс и ИНГ се основани токму тука. Во 2010 година, Амстердам се наоѓаше на 13-та позиција на светско ниво по квалитетот на животот од страна на Мерцер и во 2009 година рангиран на 3 место од страна на 2 (thinknow) во индексот на градови со најдобри иновации. Берзата на Амстердам, која е воедно најстарата берза во Светот се наоѓа во центарот на градот. Главните знаменитости и атракции на Амстердам како што се: историските канали, Државниот музеј (Rijksmuseum), Музејот на Ван Гог, куќата на Ана Франк, музејот за културно наследство, музејот Амстердам, подрачјето на црвени фенери, како и бројните кафетерии каде се консумира канабис, годишно привлекуваат повеќе од 3,66 милиони туристи. Сепак, новиот закон би можел да ја намали познатата толерантна граница за дрога и со тоа да го намали бројот на странци кои доаѓаат да купат марихуана. Градоначалникот Еберхард ван дер Лан се надева дека ќе се постигне компромис со владата и со тоа туризмот нема да претрпи посериозни последици.

Where can you sleep near Амстердам ?

Booking.com
489.313 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 140 visits today.