Región del Darién

( Дариенски Расцеп )

Дариенски Расцеп (шпански: Tapón del Darién) — прекин на Панамериканскиот автопат, кој се состои од голем дел од непроодно и неразвиенo подрачје од мочуриште и шума во Панама, во рамки на покраината Дариен во Средна Америка и северниот дел на одделот Чоко во Колумбија, во Јужна Америка. Подрачјето кое го опфаќа Дариенскиот Расцеп започнува во Јавиза, Панама и завршува во Турбо, Колумбија, и е долго 106 километри. Изградбата на патишта низ оваа област е скапа и еколошката цена е висока. Политички консензус во корист на изградба на патишта во овој предел не е постигнат.

Во географијата на Дариенскиот Расцеп на колумбиската страна преовледува првенствено од реката делта на реката Атрато, која создава рамно мочуриште со ширина од најмалку 80 км, а половина од тоа е блато. Планинскиот масив Серанија дел Баудо се протега долж колумбискиот Тихоокеански брег и продолжува во Панама. Панамската страна, во остра спротивност, е планинска дождовна шума...Read more

Дариенски Расцеп (шпански: Tapón del Darién) — прекин на Панамериканскиот автопат, кој се состои од голем дел од непроодно и неразвиенo подрачје од мочуриште и шума во Панама, во рамки на покраината Дариен во Средна Америка и северниот дел на одделот Чоко во Колумбија, во Јужна Америка. Подрачјето кое го опфаќа Дариенскиот Расцеп започнува во Јавиза, Панама и завршува во Турбо, Колумбија, и е долго 106 километри. Изградбата на патишта низ оваа област е скапа и еколошката цена е висока. Политички консензус во корист на изградба на патишта во овој предел не е постигнат.

Во географијата на Дариенскиот Расцеп на колумбиската страна преовледува првенствено од реката делта на реката Атрато, која создава рамно мочуриште со ширина од најмалку 80 км, а половина од тоа е блато. Планинскиот масив Серанија дел Баудо се протега долж колумбискиот Тихоокеански брег и продолжува во Панама. Панамската страна, во остра спротивност, е планинска дождовна шума, а надморската височина на теренот достигнува од 60 м во долините до 1.845 м на највисокиот врв (Серо Такаркуна, во Серанија дел Дариен).

Дариенскиот Расцеп е исто така и подрачје на присуство и активности на марксистичките револуционерни вооружени сили на Колумбија (ФАРК), кои имаат вршено атентати, киднапирања и кршења на човековите права за време на своето децениско востание против колумбиската влада. Востаниците на ФАРК биле присутни и на колумбиската и на панамската страна на границата со Дариенскиот Расцеп.

Photographies by:
Gustavo.ross - CC BY-SA 4.0
Statistics: Position
158
Statistics: Rank
344077

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
364527189Click/tap this sequence: 2943

Google street view

Where can you sleep near Дариенски Расцеп ?

Booking.com
487.389 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 15 visits today.