Бурџ Халифа (арапски: برج خليفة — Кула Халифа), порано познат како Бурџ Дубаи — облакодер во Дубаи, Обединети Арапски Емирати и е највисоката градба изградена од човекот досега. Изградбата на објектот започна на 21 септември 2004, а официјално заврши на 4 јануари 2010.
Градбата е дел од проектот „Центарот на Бурџ Дубаи“, кој се гради на површина од 2 км2, веднаш до економскиот центар во градот, а содржи и фонтана и уште неколку впечатливи градби. Архитект на кулата е Адријан Смит, кој соработува со компанијата Skidmore, Owings and Merrill од 2006. Оваа инженерска компанија, со седиште во Чикаго беше вклучена во спроведувањето на проектот. За изградба на кулата како главен градител била ангажирана јужнокорејската компанија Samsung C&T, која била ангажирана и во изградбите на кулата Тајпеј 101 и кулите Петронас Turner Construction Company била избрана за раководител на проектот, а компанијата Hyder Consulting за с...Read more
Бурџ Халифа (арапски: برج خليفة — Кула Халифа), порано познат како Бурџ Дубаи — облакодер во Дубаи, Обединети Арапски Емирати и е највисоката градба изградена од човекот досега. Изградбата на објектот започна на 21 септември 2004, а официјално заврши на 4 јануари 2010.
Градбата е дел од проектот „Центарот на Бурџ Дубаи“, кој се гради на површина од 2 км2, веднаш до економскиот центар во градот, а содржи и фонтана и уште неколку впечатливи градби. Архитект на кулата е Адријан Смит, кој соработува со компанијата Skidmore, Owings and Merrill од 2006. Оваа инженерска компанија, со седиште во Чикаго беше вклучена во спроведувањето на проектот. За изградба на кулата како главен градител била ангажирана јужнокорејската компанија Samsung C&T, која била ангажирана и во изградбите на кулата Тајпеј 101 и кулите Петронас Turner Construction Company била избрана за раководител на проектот, а компанијата Hyder Consulting за структурното и механичко инженерство. Според законите на ОАЕ, склучувачот на договорот и инженерот се заеднички одговорни и имаат обврска за изведбата на активностите во врска со изградбата на Бурџ Халифа. Поради тоа, и покрај конструкцијата од страна на компанијата Skidmore, Owings and Merrill, компанијата Hyder Consulting, правно е конструктор на градбата.
Add new comment