Бледски замок — замок во градот Блед, Словенија. Замокот бил изграден на врвот на 130 метри високата карпа над езерото Блед. Таа е една од најпосетените туристички атракции во Словенија, а денес објектот е претворен во музеј. За првпат објектот се споменува во 1004 година, што го прави еден од најстарите во Словенија. Најстариот дел од замокот е романската кула. Во средниот век биле изградени повеќе кули. Другите згради биле изградени во барокниот период. Во горниот двор се наоѓа капела која била изградена во 16 век, а реновирана околу 1700.
Add new comment