Αθήνα

( Атина )

Атина (грчки: Αθήνα, Ати́на МФА: /a'θina/) —главниот и најголемиот град на Грција, како и родното место на демократијата. Именуван по божицата Атена, Атина е растечка, космополитанска метропола со население од 3,7 милиони жители. Метрополитанската област на Атина моментално расти северно и источно преку полуостровот Атика и го претставува доминантниот центар на економскиот, финансискиот, индустрискиот, културиниот и политичкиот живот во Грција. Градот исто така станува водечки бизнис центар во Европската Унија.

Античка Атина била моќна град-држава и реномиран центар на учењето, дом на Платоновата Академија и Аристотеловиот Ликеј. Се смета дека е лулката на западната цивилизација, воглавно поради големиот удар на нејзините културни и политички достигнувања за време на V и IV век пред нашата ера врз остатакот од тогаш познатиот европски континент. Наследството на атињанското просветление е с...Read more

Атина (грчки: Αθήνα, Ати́на МФА: /a'θina/) —главниот и најголемиот град на Грција, како и родното место на демократијата. Именуван по божицата Атена, Атина е растечка, космополитанска метропола со население од 3,7 милиони жители. Метрополитанската област на Атина моментално расти северно и источно преку полуостровот Атика и го претставува доминантниот центар на економскиот, финансискиот, индустрискиот, културиниот и политичкиот живот во Грција. Градот исто така станува водечки бизнис центар во Европската Унија.

Античка Атина била моќна град-држава и реномиран центар на учењето, дом на Платоновата Академија и Аристотеловиот Ликеј. Се смета дека е лулката на западната цивилизација, воглавно поради големиот удар на нејзините културни и политички достигнувања за време на V и IV век пред нашата ера врз остатакот од тогаш познатиот европски континент. Наследството на атињанското просветление е сѐ уште воочливо во градот, портретирано низ број на спектакуларни антички споменици и слики, најпознатите од кои се Партенон на Акропол („висок град“), израснат од Иктин, Каликрат и Фидиј. Последниот е општоприфатен како еден од најдобрите примери за класичната архитектура на Стара Грција и сѐ уште претставува епско наследство за западот, впрочем и за остатокот од светот. Многу од овие културни знаменитости биле реновирани пред Олимписките игри 2004.

Photographies by:
Statistics: Position
2324
Statistics: Rank
53092

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
581927463Click/tap this sequence: 1784

Google street view

Where can you sleep near Атина ?

Booking.com
487.354 visits in total, 9.187 Points of interest, 404 Destinations, 39 visits today.