ប្រាសាទ អង្គរវត្ត

( Ангкор Ват )

Ангкор Ват (кмерски: អង្គរវត្ត) е хиндуистички комплекс храмови во Ангкор, Камбоџа кој бил изграден во чест на кралот Сурјаварман II во 12 век. Комплексот бил наменет за државен храм и бил дел од територијата на главниот град на Кмерското Кралство. Како најдобро сочуван комплекс храмови во регионот, Ангкор Ват е единствениот храм кој е значаен религиски центар уште од самото негово основање па сè до денес. Првично, Ангкор Ват бил хиндуистички храм посветен на богот Вишну, а подоцна станал будистички храм. Храмот е на врвот на развиената класична кмерска архитектура. Храмот станал симбол на Камбоџа, постанувајќи централен елемент на камбоџиското знаме и главна туристичка атракција.

Ангкор Ват е комбинација на два основни кмерски архитектонски стила. Првиот стил на градба бил храм во вид на планина, а подоцна биле додадени и елементи на галериски храмови кои се базирале на јужноиндиската архитектура. Самиот храм бил замислен да ја претставува плани...Read more

Ангкор Ват (кмерски: អង្គរវត្ត) е хиндуистички комплекс храмови во Ангкор, Камбоџа кој бил изграден во чест на кралот Сурјаварман II во 12 век. Комплексот бил наменет за државен храм и бил дел од територијата на главниот град на Кмерското Кралство. Како најдобро сочуван комплекс храмови во регионот, Ангкор Ват е единствениот храм кој е значаен религиски центар уште од самото негово основање па сè до денес. Првично, Ангкор Ват бил хиндуистички храм посветен на богот Вишну, а подоцна станал будистички храм. Храмот е на врвот на развиената класична кмерска архитектура. Храмот станал симбол на Камбоџа, постанувајќи централен елемент на камбоџиското знаме и главна туристичка атракција.

Ангкор Ват е комбинација на два основни кмерски архитектонски стила. Првиот стил на градба бил храм во вид на планина, а подоцна биле додадени и елементи на галериски храмови кои се базирале на јужноиндиската архитектура. Самиот храм бил замислен да ја претставува планината Меру, дом на девите од хиндуистичката митологија. Самиот комплекс се наоѓа во шанец опколен со надворешен ѕид долг 3.6 километри. Ѕидовите опколуваат три галерии, секоја повисока од наредната. Во средината на храмот се наоѓа квинкункс од пет кули. За разлика од останатите ангкорски храмови, Ангкор Ват е свртен кон запад и ова довело до одредени дебати за тоа дали има некоја симболика самата местоположба. Ангкор Ват побудува воздишки поради хармонијата на архитектурата, бас-релјефот и многуте духови-чувари распоредени на ѕидовите.

Денешното име Ангкор Ват значи „градски храм“. „Ангкор“ е разговорна форма од кмерскиот збор នគរ (нокор), кој пак доаѓа од санскритскиот збор नगर (нагара) и значи „град“ или „главен град“. „Ват“ е кмерски збор за храм. Претходно, храмот бил познат како Преах Писнулок, име дадено според пост-смртната титула на основачот Сурјаварман II.

Photographies by:
Manfred Werner (talk · contribs) - CC BY-SA 3.0
Statistics: Position
1764
Statistics: Rank
71470

Add new comment

Esta pregunta es para comprobar si usted es un visitante humano y prevenir envíos de spam automatizado.

Security
815746923Click/tap this sequence: 7714

Google street view

Where can you sleep near Ангкор Ват ?

Booking.com
489.962 visits in total, 9.198 Points of interest, 404 Destinations, 11 visits today.