مزدیسنا ( Зороастризам )

Зороастризмот, позната и како заратустризам или маздаизам — древна иранска религија и филозофско учење. Зороастризмот бил државна религија во Ахеменидската, Партската и Сасанидското Царство. Бројот на следбеници на Зороастизмот со текот на времето опаднал и денес се проценува дека во светот има од145.000 до 2,6 милиони следбеници.

Религијата настанала во источните делови на Персија, пред повеќе од 1000 година п.н.е. Религијата е унифицирана од филозофот Зороастер, кој ја упростил идејата на раното иранско многубожество. Така, тој во основа ги воспоставил двете спротивставени сили: Ахура Мазда (просветлената мудрос) и Ариман (разорниот дух). Религијата имала влијание врз подоцнежните религии, како штосе Јудаизмот, Христијанството и Исламот.

Destinations