España
ШпанијаContext of Шпанија
Кралство Шпанија или само Шпанија (шпански и галициски: Reino de España или España; каталонски: Regne d'Espanya; баскиски: Espainiako Erresuma) — земја во Југозападна Европа. Го дели Пиринејскиот Полуостров со Португалија, Гибралтар и Андора. На североисток, по Пиринејскиот планински масив, се граничи со Франција и Андора. Шпанија ги вклучува Балеарските Острови во Средоземно Море, Канарските Острови во Атлантски Океан, градовите Сеута и Мелиља на север од Африка и неколку помали ненаселени острови на средоземната страна на Гибралтар, како Хафиринските Острови, „карпите“ (на шпански: peñones) на Велес и Алхукемас, и малиот остров Перехил.
Главен град на Шпанија е Мадрид. Површина на земјата е 505 992 км2 а број на население според проценките во 2011 година изнесува 47 190 493 жители.
Шпанија е парламентарна монархија. Парламентот кој ја има законодавната власт во државата, се избира на секои 4 години преку неп...Read more
Кралство Шпанија или само Шпанија (шпански и галициски: Reino de España или España; каталонски: Regne d'Espanya; баскиски: Espainiako Erresuma) — земја во Југозападна Европа. Го дели Пиринејскиот Полуостров со Португалија, Гибралтар и Андора. На североисток, по Пиринејскиот планински масив, се граничи со Франција и Андора. Шпанија ги вклучува Балеарските Острови во Средоземно Море, Канарските Острови во Атлантски Океан, градовите Сеута и Мелиља на север од Африка и неколку помали ненаселени острови на средоземната страна на Гибралтар, како Хафиринските Острови, „карпите“ (на шпански: peñones) на Велес и Алхукемас, и малиот остров Перехил.
Главен град на Шпанија е Мадрид. Површина на земјата е 505 992 км2 а број на население според проценките во 2011 година изнесува 47 190 493 жители.
Шпанија е парламентарна монархија. Парламентот кој ја има законодавната власт во државата, се избира на секои 4 години преку непосредни парламентарни избори. Извршната власт ја има владата, на чело со премиерот кој е назначен од кралот по претходна консултација со најважните политички сили кои се застапени во парламентот.