Context of Мадрид

Мадрид (шпански: Madrid, шпански изговор: [maðɾið], разговорно: [maðɾi]) — главен и најголем град во Шпанија. Градот е населен со околу 3,3 милиони (од декември 2009); целото население во градскиот дел (урбаниот дел и предградијата) — пресметано дека е 6.386.932 жители.

Мадрид е трета најнаселена општина во Европската унија, по Голем Лондон и Берлин и неговата градска област е трета најнаселена во Европската унија, по Париз и Лондон. Градот се простира на 698 км2.

Градот се наоѓа на реката Мансанарес во центарот и на земјата и општината на Мадрид (која го опфаќа градот Мадрид, со своите издвоени и проширени предградија и села); оваа општина се граничи со автономни заедници на Кастиља и Леон и Кастиља-Ла Манча. Освен главен град на Шпанија, седиште на владата и престолнина на шпанскиот монарх, Мадрид исто така е и политички центар на Шпанија. Моментален градоначалник е Алберто Руиз-Гаљардон од народната партија. Тој е на ...Read more

Мадрид (шпански: Madrid, шпански изговор: [maðɾið], разговорно: [maðɾi]) — главен и најголем град во Шпанија. Градот е населен со околу 3,3 милиони (од декември 2009); целото население во градскиот дел (урбаниот дел и предградијата) — пресметано дека е 6.386.932 жители.

Мадрид е трета најнаселена општина во Европската унија, по Голем Лондон и Берлин и неговата градска област е трета најнаселена во Европската унија, по Париз и Лондон. Градот се простира на 698 км2.

Градот се наоѓа на реката Мансанарес во центарот и на земјата и општината на Мадрид (која го опфаќа градот Мадрид, со своите издвоени и проширени предградија и села); оваа општина се граничи со автономни заедници на Кастиља и Леон и Кастиља-Ла Манча. Освен главен град на Шпанија, седиште на владата и престолнина на шпанскиот монарх, Мадрид исто така е и политички центар на Шпанија. Моментален градоначалник е Алберто Руиз-Гаљардон од народната партија. Тој е на функција од 2003 година, кога го напуштил Претседателството на автономната заедница на Мадрид и се кандидирал да го замени заминувањето на градоначалникот Хозе Марија Алварез дел Мансано, кој исто така е од народната партија. На последните локални избори од 2007 година, Руиз Гаљардон го зголеми мнозинството на народната партија во Градскиот совет на 34 места од вкупно 57, земајќи 55,5% од гласовите и победи во сите освен во два региони.

Поради своето економско производство, животниот стандард, како и големината на пазарот, Mадрид се смета за главен финансиски центар на Пиринејскиот Полуостров; домаќин е на седиштата на мнозинство од главните шпански компании, како и седиштето на три од 100-те светски најголеми фирми (Telefónica, Repsol-YPF, Banco Santander). Освен тоа, Мадрид бил рангиран на 10-то место заедно со Хонгконг за најмоќните градови во светот, пресметани во топ 20 градови во 5 од 6 категории.

Иако Мадрид поседува модерна инфраструктура, сепак го задржал изгледот и чувството на многу од неговите историски населби и улици. Во неговите обележја се вклучени огромната Кралската палата на Мадрид; Театро Реал (Кралскиот театар), со негова обнова во 1850 во оперска куќа; паркот Буен Ретиро, основан во 1631; величествената зграда на Националната библиотека од 19 век (основана во 1712), содржи некои од шпанските историски архиви, археолошки музеј и три врвни уметнички музеи: музејот Прадо, во кој е сместена една од најдобрите уметнички колекции во светот, Мусео Насионал Сентро де Арте Реина Софија, музеј на современа уметност, и музејот Тисен-Борнемиса, сместен во реновираната Палата Виљаремоса.

Where can you sleep near Мадрид ?

Booking.com
489.381 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 19 visits today.