Context of Грција

Грција, официјално Република Грција (грчки: Ελλάδα, Елада; историски Ἑλλάς, Елас) — земја која се наоѓа во Јужна и Југоисточна Европа со население од околу 11 милиони според податоци од 2016 година. Атина е главен град на државата и најголемиот град, по што следи Солун.

Грција се наоѓа на раскрсница помеѓу Европа, Азија и Африка. Земјата се наоѓа на јужниот дел на Балканскиот Полуостров и има копнени граници со Бугарија, Македонија и Албанија на север, и со Турција на исток. Грција граничи на исток со водите на Егејското Море, на запад Јонското Море и на југ со Средоземното и Критскотото Море. Грција има најдолго крајбрежје на медитеранскиот басен и 11-тата најдолга крајбрежна линија во светот со должина од 13.676 километри, со голем број острови, од кои 227 се населени. Осумдесет проценти од Грција е планински, а планината Олимп е највисокиот врв на 2918 метри. Земјата се состои од девет геогра...Read more

Грција, официјално Република Грција (грчки: Ελλάδα, Елада; историски Ἑλλάς, Елас) — земја која се наоѓа во Јужна и Југоисточна Европа со население од околу 11 милиони според податоци од 2016 година. Атина е главен град на државата и најголемиот град, по што следи Солун.

Грција се наоѓа на раскрсница помеѓу Европа, Азија и Африка. Земјата се наоѓа на јужниот дел на Балканскиот Полуостров и има копнени граници со Бугарија, Македонија и Албанија на север, и со Турција на исток. Грција граничи на исток со водите на Егејското Море, на запад Јонското Море и на југ со Средоземното и Критскотото Море. Грција има најдолго крајбрежје на медитеранскиот басен и 11-тата најдолга крајбрежна линија во светот со должина од 13.676 километри, со голем број острови, од кои 227 се населени. Осумдесет проценти од Грција е планински, а планината Олимп е највисокиот врв на 2918 метри. Земјата се состои од девет географски региони: Македонија, Централна Грција, Пелопонез, Тесалија, Епир, Егејските Острови (вклучувајќи ги Додеканезите и Киклади), Тракија, Крит и Јонските Острови.

Грција се смета за лулка на западната цивилизација, како родно место на демократијата, западната филозофија, западната литература, историографијата, политичките науки, големите научни и математички принципи, западната драма, а особено Олимписките игри. Од 8 век п.н.е., Грците биле организирани во различни независни градови-држави, познати како полиси, кои го опфаќале целиот медитерански регион и Црното Море. Филип Македонски го обединил најголемиот дел од територијата на денешна Грција во 4 век п.н.е., додека неговиот син и наследник Александар Велики за многу брзо време го освоил најголемиот дел од античкиот свет, од источниот Медитеран до Индија. Грција била припоена од Рим во 2 век п.н.е., станувајќи составен дел на Римското Царство и нејзиниот наследник, Византија, во која доминантен бил грчкиот јазик и култура. Грчката Православна Црква, основана во првиот век, помогнала во обликувањето на модерниот грчки идентитет и ги пренела грчките традиции во поширокиот православен свет. Паѓајќи под османлиска власт во средината на 15 век, модерната национална држава на Грција се појавила во 1830 година по војната за независност. Богатото историско наследство на Грција се рефлектира од неговите 18 локации на светско наследство на УНЕСКО.

Суверената држава Грција е унитарна парламентарна република и развиена земја со напредна економија со висок приход, висок квалитет на живот и многу висок стандард на живеење. Како основачки член на Обединетите нации, Грција била десеттиот член која се приклучила на Европската Заедница во 1981 година (претходник на Европската Унија) и е дел од Еврозоната од 2001 година. Исто така е член на бројни други меѓународни институции, вклучувајќи го и Советот на Европа, НАТО ОЕСР од 1961,, Организацијата за економска соработка и развој (ОЕЦД), Светската трговска организација (СТО), Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ) и Меѓународната организација на франкофонијата (ОИФ), ЗЕУ од 1995 и ЕВА од 2005 итн.. Единственото културно наследство на Грција, големата туристичка индустрија, истакнатиот шпедитерски сектор и геостратегиското значење ја класифицираат земјата како средна сила. Таа е најголемата економија на Балканот, каде што е значаен регионален инвеститор.

More about Грција

Basic information
  • Currency Евро
  • Native name Ελλάδα
  • Calling code +30
  • Internet domain .gr
  • Mains voltage 230V/50Hz
  • Democracy index 7.39
Population, Area & Driving side
  • Population 10566531
  • Area 131957
  • Driving side right

Phrasebook

Здраво
Χαίρετε
Светот
Κόσμος
Здраво свету
Γειά σου Κόσμε
Ви благодарам
Ευχαριστώ
Збогум
Αντιο σας
Да
Ναί
бр
Οχι
Како си?
Πώς είσαι;
Фино, благодарам
Καλά ευχαριστώ
Колку е?
Πόσο κοστίζει?
Нула
Μηδέν
Еден
Ενας

Where can you sleep near Грција ?

Booking.com
489.222 visits in total, 9.196 Points of interest, 404 Destinations, 49 visits today.