Deutschland
ГерманијаContext of Германија
Германија, службено Сојузна Република Германија (германски: Bundesrepublik Deutschland), — сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен и најголем град е Берлин. Германија покрива површина од 357.021 км2 и главно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки предводник во многу полиња.
Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од X век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство. Во текот на XVI век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додек...Read more
Германија, службено Сојузна Република Германија (германски: Bundesrepublik Deutschland), — сојузна парламентарна република во Европа. Државата се состои од 16 покраини, додека главен и најголем град е Берлин. Германија покрива површина од 357.021 км2 и главно има умерена сезонска клима. Со 81,8 милиони жители, таа е најнаселена земја членка и најголема економија во Европската Унија. Таа е една од најголемите политички сили на европскиот континент и технолошки предводник во многу полиња.
Регионот именуван Германија, населен од страна на Германите, бил документиран пред 100. година од нашата ера. Во текот на Големата преселба, германските племиња се прошириле на југ и основале наследнички кралства низ поголемиот дел на Европа. Почнувајќи од X век, германските територии го формирале централниот дел на Светото Римско Царство. Во текот на XVI век, северните германски области станале центар на протестантската реформација, додека јужните и западните области останале доминантно римокатолички, со две спротивни фракции во Триесетгодишната војна, обележувајќи ја католичко-протестантската поделба, која оттогаш го карактеризира германското општество. Окупирана за време на Наполеоновите војни, се случил подемот на пангерманизмот внатре во Германскиот Сојуз, поради што дошло до обединување на повеќето германски држави во Германското Царство во 1871, кое било предводено од Прусија. По Ноемвриската револуција од 1918-1919 г., а потоа и военото предавање во Првата светска војна, царството било заменето од Вајмарската Република во 1918 и поделено со Версајскиот договор. Сред Големата криза, Третиот Рајх бил прогласен во 1933. Подоцнежниот период бил обележан од фашизмот и Втората светска војна. По 1945, Германија била поделена од страна на сојузниците во четири окупациски зони, кои се развиле во две држави, Источна и Западна Германија. Во 1990, Германија била повторно обединета.
Германија била еден од основачите на Европската заедница во 1957, која станала Европска Унија во 1993. Таа е дел од Шенгенската зона и од 1999 членка на еврозоната. Германија е членка на Обединетите нации, НАТО, Г8, Г20, ОЕЦД и Советот на Европа и моментално е непостојана земја членка во Советот за безбедност на ОН со мандат за 2011-2012.
Таа е четврта најголема економија во светот по номинален БДП и петта најголема по паритетот на куповна моќ. Воедно, таа е втор најголем извозник и трет најголем увозник на добра. Има развиено многу висок стандард на живот и сеопфатен систем на социјална заштита. Германија е дом на многу влијателни научници и пронаоѓачи и позната е по нејзината културна и политичка историја.
More about Германија
- Currency Евро
- Native name Deutschland
- Calling code +49
- Internet domain .de
- Speed limit 0
- Mains voltage 230V/50Hz
- Democracy index 8.68
- Population 83149300
- Area 357587
- Driving side right