Волофски јазик
- За други значења на поимот „Волоф“ видете ја страницата за појаснување.
Волофски јазик или волоф — нигер-конгоански јазик кој се зборува воглавно во Сенегал, Гамбија и Мавританија. Ова е мајчин јазик на народот Волоф. Тој е дел од подгрупата на сенегамбиски јазици, заедно со фуланскиот и серерскиот јазик. Овој јазик не е тонски.
Волофскиот потекнувал како јазик на народот Лебу. Овој е најзборуван јазик во Сенегал, поточно од околу 40% од населението.