Sierra Nevada (España)
( Сиера Невада (Шпанија) )- Статијава се однесува на планински венец во Шпанија. За други места со ова име, погл. Сиера Невада (појаснување).
Сиера Невада (шпански: Sierra Nevada = „снежен венец“) — планински венец во покраините Гранада и Алмерија во областа Андалузија, Шпанија. Највисок врв е Муласен (3.478 м), кој е воедно највисок врв во континентална Шпанија.
Венецот е популарно туристичко одредиште, особено поради скијачкиот центар во истото јужно средоземно подрачје познато по топло и сончево време. На подножјето се наоѓа градот Гранада, а малку понатаму се и градовите Алмерија и Малага.
На дел од венецот се наоѓа националниот парк Сиера Невада, а целиот венец е прогласен за биосферен резерват. На северните падини на планините се наоѓаат опсерваторијата „Сиера Невада“ и радиотелескопот на Институтот за милиметарска радиоастрономија (IRAM), на надморска височина од 2.800 м.
Add new comment