日本酒 ( Саке )

Саке, (канџи: 酒)( Изговор ) исто така познато како Јапонско оризово вино, е алкохолен пијалак направен со ферментација на ориз кој е исчистен за да се отстранат триците. И покрај името Јапонско оризово вино, сакето, и кое било источноазиско оризово вино (како што се хуангџу и чеонгџу), е произведено со процес посличен со тој на пивото, каде скробот се претвора во шеќери, кои ферментираат во алкохол, додека со виното, алкохолот е произведен со ферментација на шеќерите кои се природно присутни во овошјето, обично грозјето.

Процесот на подготовка на сакето се разликува од процесот за правење пиво, каде конверзијата на скробот во шеќери и потоа од шеќери во алкохол се јавува во две различни чекори. Како и другите оризови вина, кога сакето е сварено, овие конверзии се јавуваат истовремено. Алкохолната содржина се разликува помеѓу сакето, виното и пивото; додека повеќето пива содржат 3-9% алкохол, виното генерално содржи 9-16%, а нефилтрираното саке содржи 18-20% алкохол (иако ова често се намалува на околу 15% со разредувањето со вода пред флаширање).

На Јапонски, знакот саке (канџи: 酒) може да се однесува на било кој алкохолен пијалак, додека пијалакот наречен „саке“ на за западниот свет обично се нарекува „нихоншу“ (日本酒; бук. „Јапонско вино“). Под Јапонските алкохолни закони, сакето е означено со зборот „сеишу“ (清酒; „чисто вино“), синоним кој не се користи често при зборување.

Во Јапонија, каде што е национален пијалак, сакето често се служи со специјална церемонија, каде што нежно се загрева во мала грнчарија или порцеланско шише и се сипува во мали порцелански чаши наречени „саказуки“. Како и кај виното, темпратурата на која се служи сакето варира во голема мера поради видот.

Destinations