Рокфор

Рокфор — сирење од овчо млеко од Јужна Франција, едно од најпознатите сини сирења во светот. Иако слични сирења се произведуваат и на други места, законот на ЕУ налага дека само оние сирења кои зреат во природните пештери Комбалу во Рокфор-сир-Сулзон може да го носат името рокфор, бидејќи тоа е призната географска ознака или има заштитена ознака на потекло.

Сирењето е бело, силно, ронливо и малку влажно, со својствени вени од сина мувла. Има карактеристичен мирис и вкус со забележлив вкус на путерна киселина; сините вени даваат остар тап. Нема кора; надворешноста се јаде и е малку солена. Вообичаено питата рокфор тежи помеѓу 2,5 и 3 кг, и е дебела околу 10 см. За производство на еден килограм готово сирење потребни се околу 4,5 литри млеко. Во Франција, рокфорот често се нарекува „крал на сирењата“ или „сирење на кралевите“, иако тие имиња се користат и за други сирења.