Растафаријанство
Растафаријанство — монотеистичко, Авраамско, религиозно или социјално движење, кое се развило во христијанската култура во Јамајка во 1930-тите години. Приврзаниците чиј култ е Хајле Селасие, поранешен Цар на Етиопија (1930-1936 и 1941-1974), се наречени Растафаријани или Расти.
Движењето понекогаш е нарекувано и „Растафаријанизам“, но овој термин некои Расти го сметаат за понижувачки и навредлив, кои не сакаат да бидат обележувани со наставката „изам“ Дел од учените, движењето го нарекуваат секта,, додека некои го поврзуваат со култ , додека пак Енис Едмундс го карактеризира како ревитализациско движење . Растафаријанството не е високо организирана религија: тоа е движење и идеологија. Многу Растафаријани велат дека тоа воопшто не е религија, туку „начин на Живеење“. Повеќето Растафаријани не признаваат никакви секти и вероисповести, па така се охрабруваат едни со други да најдат верба и инспирација во самите себе.
Името растафаријанството е преземено од Рас Тафара, предвладеечката титула на Хајле Селасие, составено од Амхарик Рас (во превод „Глава“, етиопски еквивалент на Војвода) и од презимето на Свети Селасие, Тафари. Растафаријаните се истакнати по тоа што тврдат дека Свети Селасие, поранешниот и последен етиопски цар, е друга инкарнација на христијанскиот Бог, наречен Џа. Тие го гледаат Свети Селасие како Џа или Џа Растафари, кој е Второ пришествие на Исус Христос на земјата.
Растафаријанството вклучува и активности како спиритуално конзумирање на канабис и отфрлање на западното општество (наречено Бабилон, кое повеќе се однесува на христијанскиот метафоричен Бабилон, отколку на месопотамската град-држава). Ја прокламира Африка (исто така наречена „Зајон“) како родно место на човечкиот вид.
Денес, сознанието за растафаријанството е распространето низ целиот свет, преку заинтересираноста која ја предизвикала реге музиката- најевидентно од страна на јамајскиот пејач и композитор Боб Марли. До 1997, имало околу милион верни Растафаријани низ светот. Од пет до десет проценти од Јамајчаните се произнесуваат како Растафаријани.